[Reksac MKD] Македонштина

Day 1,310, 00:01 Published in North Macedonia North Macedonia by Reksac MKD
Додека читате, Народе Македонски!



Почитувани драги мои Македонци и Македонки,

Мојата претходна статија на некој начин го дестабилизираше мојот еЖивот, од причина што иако статијата имаше голем интерес, имаше многу пофални зборови на моја радост, но сепак и навреди, на моја жалост. Некои од моите сограѓани не ја сфатија пораката на мојата статија, секоја чест на оние што навлегоа во пораката на статијата, но сепак за мене поголем белег оставија сограѓаните кои не ја сфатија пораката и на некој начин ме навредија. Знам дека неможе да се биде омилен и сите да те сакаат или сите да те мразат, сегогаш има спротиставени ставови. Но јас не забележав луѓе кои имаат нешто да ми приговорат на мојата идеја, туку забележав луѓе кои искрено ме повредија.



Како новинар сум релативно млад кој има напишано неколку статии во кои никогаш не сум пишувал молби од типот молам за претплата, молам за глас, да делам пари за гласови и претплати како што е случај со повеќе македонски новинари, или пак да праќам пораки за претплата и спамам на нечиви шаути, секако дека секој прв коментар на моите статии е молам на шаут, но тоа е само поради фактот што сакам колку е можно пoвеќе македонци да ја видат статијата да се запознаат на некој начин со мене бидејќи јас сум она што го пишувам. Во моите статии пишував работи од моја гледна точка, мои ставови, како и анализи и идеји кои искрено мислев дека ќе помогнат да се променат работите барем за 0,01% на подобро, во поглед на размислувањето на сограѓаните, дека не е се’ црно или бело, дека можеби има и сиво! На мое огромно незадоволство јас бев поврзуван со одредени политички кругови, одалечуван од мои блиски пријатели и соработници, “каменуван” поради предавсто. Оваа статија би сакал да ја окарактеризирам како социјална анализа за повторно да не го загуби својот “идентитет”, како што беше случај со претходната статија, која беше окарактеризирана како анализа на сегашната состојбата во државата и беше дадена идеја за “Што понатаму?” од моја страна, но нажалост одреден дел од вашата страна го прифати како политичка анализа или можност за политичко преориентирање и предавство. На нивно големо жалење јас немам што да менувам било политички, било воено, било новинарски. Политички сум определен за сектата која е составен дел од Chaos Order, единицата во која сум член веќе 8-ми месец, чиј аватар со мои симболики го носам гордо и не планирам да го тргнам, а уште помалку да излезам од единицата. Ќе си дозволам да ја напишам нашата парола “Through Chaos we bring Order” бидејќи сум горд на единицата, на тоа што јас сум дел од неа и на тоа што сум помогнал во нејзиниот век на постоење. Истотака не планирам да го променам стилот на пишување, во сегментот на новинарството, бидејќи јас сум тој нема што да кријам, напротив јас се гордеам со тоа што сум, со тоа што го правам и со тоа што го пишувам.



Сакам да се навратам на делот каде што бев осуден од број сограѓани дека сум предавник, односно вртикапа или лижигз. Во тој поглед ми е многу смешно да коментирам, но сепак ќе пробам да им го доловам “моментот”.
Како освестен, совесен, принципиелен и вистински Македонец сакам да ја видам својата нација здружена, сакам да нема препукувања, навредувања или слично. За наше добро е да има критики, спротиставени ставови и размислувања со цел работите да одат во нагорна линија. Но лошто кај нас е што пред се во политичкиот свет има завојувани страни, земено од примерот во реалниот свет. Лошото во тоа е што нацијата не е доволно освестена и што на некој начин лечи компелкси на лоша основа. Не сакам никого да именувам бидејќи не е толку вреден за да биде дел или предмет на мои коментари, сепак секоја чест на исклучоците кои ги имало само 2 два пати досега. Моја цел е да дадам општа добронамерна критика односно забелешка дека не е на добро ова што се случува.Знам дека балканскиот менталитет е синдром кој тешко се лечи, но некои држави веќе го надминаа и не гледам причина зашто не би го надминале и ние. Верувам дека не се бесцелни овие мои критики и искрено верувам дека е длабоко скриено во секој Македонец чувството за единство, желбата за успех и високи цели, пред се’ и најважно желбата за братство и единство. Секако на некои од вас ова ќе ви изгледа смешно и ќе го окарактеризирате како комунистичка парола и можно е да бидам поврзуван со политички кругови од реалниот свет, но свесниот Македонец доколку ја свати оваа како бел ден јасна порака која ја носи оваа статија, ќе увиди дека воопшто не е така и дека воопшто не се работи за политика.



Искрено верувам дека оваа статија не е доволно добар залак за просечното македонско читателско око, но јас ќе бидам среќен доколку неколкумина ја прочитаат и ја сватат мојата порака. Ве молам за достојни коментари и ве замолоувам за пристојност во истите, ќе ја испочитувам и прифатам секоја добронамерна критика, но ќе ја занемарам секоја ваша навреда! Воздржете се од коментари поврзани со мојот заштитен знак.



Мојот заштитен знак



Со почит,
Освестен Македонец