[Reksac MKD] Што понатаму?

Day 1,307, 00:31 Published in North Macedonia North Macedonia by Reksac MKD

Почитувани мои Македонци и Македонки,

За почеток сакам да им се заблагодарам на сите мои мили Македонци кои ми го остварија еСонот, Падот на Грција, воедно сакам да им го честитам тој успех, со малку закаснета статија, но претходно немав доволно време ни повод за да напишам статија.
Во текстот подолу сакам да го споделам своето видување на сегашната ситуација во Нашата мила и не така мала Македонија, гледано територијално и популационо.

МАКЕДОНИЈА (пред 9 месеци) – Непозната именка, придавка, глагол, член, точка или што било друго на еКартата и во еСветот.
МАКЕДОНИЈА (сега) – Империја која се простира на 3 континенти, која има најмногу колонии во еСветот , една од 5те најбројни држави и 4та Велесила според официјалниот еРанкинг.

Мала ретроспектива на тоа како јас ги доживеав претходните 9 месеци.
-Тик-так, тик-так, тик-так... Бевме заплашувани од Грција
-Кукавичко избегнување на војна од грчка страна
-Војна со Бугарија
-Магија од страна на тогашната валада, исчезнаа 17.000 злато
-Бришење на Македонија од еКартата, од бугарска страна
-Востанија за ослободување на Македонија и враќање на честа
-Стабилизирање на состојбата
-Стурме – man all round!
-Атак кон Италија
-Бандини педер!
-Магија од страна на тогашната влада, снема, но за среќа се вратија 100.000мкд
-Бришење на Италија од еКартата
-Војна со Грција
-Војна со Хрватска
-Прекин на војната со Хрватска
-Бришење на Грција од еКартата
-Раѓање на нова империја – МАКЕДОНИЈА

Навистина интересни времиња доживеавме и надживеавме, по мое видување прераснуваме во силна држава. Нека не ве лаже визуелната претстава на еКартата за нашата татковина, имаме ние уште многу фурни леб за јадење. Убаво е да се има пропаганда, дека сме најјаки дека сме непобедливи, дека сме без конкуренција, дека сме едно скалило над сите, но тие информации и ставови треба да се примат со резерва, треба да се помисли дали се вистинити и дали се реални. Не треба да се мисли само на себе, треба да се помогне на братот во понезавидна ситуација. Затоа за оваа наша ситуација во која се наоѓаме да размислиме поубаво, што е добро, а што лошо, што треба, а што нетреба. Имам свој став околу ова, прочитајте...

Македонија како докажана членка на сојузот ONE, која поседува голем кредибилитет и достоинство беше безрезервно и неограничено потпомогната од своите верни сојузници, членови на гореспоменатиот сојуз и нашите верни долговремени пријатели. Свесен сум дека Македонија не го постигна сето ова сама без ничија помош затоа барам до моите сограѓани Македонци да не бидат себични во поглед на нашата блиска иднина. Мое решение барем за следните 2 недели е да не отвораме нови фронтови, што значи помош, помош и само помош на нашите браќа и верни пријатели. Секако би се справувале со востанијата од страна на Грција, Италија, Швајцарија, Египет и Саудиска Арабија кои би биле наш приоритет доколку ги има. За некои ова е лошо видување на работите, бидејќи би немале природен непријател и не би користеле бонус за тренирање и бонус за борби против него, но верувајте не би имале ние придобивки од природен непријател, напротив само проблеми. Објавување на природен непријател има само во еден случај и тоа кога би се ослободил некој од регионите што ги држиме, па истиот би го нападнале со цел да си го вратиме регионот.
Во последно време низ јавноста се врти една теза, за мене несватлива, а верувам и за многу други свесни фаци во Македонија. Велат да си ја вратиме Апулија. Јас би сакал да ги прашам, дали имаат размислено барем малку околу тоа и колку години имаат. Со цела почит кон нив, но идејата ми изгледа многу незрело и непротумачено. Ќе се обидам да им објаснам како стојат работите...Пред се е срамно е да побараме од Србија такво нешто, бидејќи ни го спасија грбот со тоа затворање на фронтот со Хрватска, друго Хрватска е без војна моментално што значи автоматски напад врз Македонија, што значи одлевање на огромна штета во тие војни со што би можеле да профитираат пред се Грција и Италија, што значи распаѓање на Империјата! Поради што??? Поради идејата да имаме поврзани региони со што би имале 1 ресурс повеќе. ТЕШКИ ГЛУПОСТИ – тотално неоправдувачки.
Друга тешка глупост што прочитав е да се врати главниот регион на балканот. Околку ова би прокоментирал дека носители на идејата се истите момци кои што сакаат да ја вратиме Апулија. Повторно не промислено, аматерско и детско размислување, но ќе им објаснам и за тоа. Потрошивме многу средства и напори како држава за да се промени главниот град, зар цел тој труд ќе биде залуден? Друго, треба да кренеме востание во Умбриа, воедно треба да имаме највеќе жители во некој од балканските региони, ќе треба да се објавува Италија за природен непријател, можни компликации од грчка страна. Тоа се премногу ризици, за еден неинтелегентен и непотрбен потег.

Се’ на се‘, не смееме да си дозволиме луксуз со цел ние или некој друг да трпи поради него, не смееме да се силиме без потреба и да летаме во облаци, зар не е доволно тоа што ни го кажува историјата? , а историјата памети се’! Сетете се на најголемите војсководци и генереали Александар, Наполеон, Хитлер каде тие погрешиле... погрешиле што едноставно биле премногу тврдоглави дури до работ на лудоста за да сватат дека е грешно тоа што го прават. Биле заслепени од желбата ги исполнат своите идеали, бидејќи сметале дека се несовладливи, недостижни и умреле поради своите идеали и грешки. Да научиме барем нешто од нивните грешки, да не бидеме идеалисти, дека можеме цел свет или барем добар дел од него да освоиме, да не летаме во обалаци и да не се китиме со делата што сме ги постигнале. Денес сме јаки и големи, утре ќе бидеме слаби и мали, еЖивотот како и реалниот живот е тркало, денес се смееме, но утре ќе плачеме.

Драги мои Македонци и Македонки се извинувам што ви одземав неколку минутки од вашето време, но мислам дека статијата беше интересна и поучна за читање.

Мојот заштитен знак 🙂



Со почит,
Рексач МКД