ЕМакедонците како Александар Македонски

Day 1,306, 16:37 Published in North Macedonia Poland by Kristijan Pluznikov

Александар Македонски станал крал на Македонија во 336 г. п.н.е., на дваесетгодишна возраст, откако неговиот татко Филип II бил убиен. Грчките градови како Атина и Теба, кои морале да му се покоруваат на Филип, виделе можност да си ја повратат целосната независност во доаѓањето на младиот крал. Александар на тоа брзо се спротивставил и Теба, која била најактивна против него, веднаш се предала кога тој со својата војска се појавил пред нејзините порти. По ова, грчките градови, на собирот кај Коринтскиот теснец, со исклучок на Спартанците, го избрале за командант против Персија, како што претходно бил и татко му Филип.
Следната година (335 п.н.е.) Александар ги нападнал Тракијците и Илирите за да ја обезбеди северната граница на Македонија до Дунав. Додека тој победнички војувал на север, Тебанците и Атињаните повторно се побуниле. Александар реагирал веднаш и сурово: Теба, која давала најсилен отпор, била освоена со големо крвопролевање, градот бил разурнат, а неговата територија разделена меѓу останатите беотијски градови. Тебанците биле продадени во ропство, а само свештениците, потомците на поетот Пиндар, и приврзаниците на Македонија биле поштедени.Грците сега се под Македонско ропство како и тогаш но овој пат тие ке останат засекогаш под МАКЕДОНСКА ВЛАСТ !!!!!!!!!


Ако ви се допадна статијава може sub+vote+add