Нас ни треба еден голем бејби бум + новитети(PRC Mode ON)

Day 1,653, 01:44 Published in North Macedonia North Macedonia by Stefanbt
Здраво Македонијо

Се надевам дека се сеќавате на времето кога нашата убава земја беше во топ5 земји по број на активни играчи.Сигурно се сеќавате когa Македонија имаше покорено 4 земји:Италија,Атина,Египет,Саудиска Арабија.Беа под наша окупација долго време

Моментално се мачиме со Атињаните и многу потешко ги добиваме битките.Ова е така затоа што популацијата на активни играчи ни е драстично намалена.Многу играчи ни се банирани и нашата ударна моќ е драстично намалена.

Доколку сакаме повторно да бидеме доминантна нашата империја како порано нас ни треба еден бејби бум.

Се сеќавате на двата големи бејби бума кога за еден ден имавме по 2000-3000 нови играчи на ерепублик.Еден таков добар и голем бејби бум би ни помогнал многу.Моменталната ситуација е алармантна.Грците имаат повеќе онлине играчи од нас.Тоа значи само едно.Тивко згаснување на нашата моќ





Гледате грците имаат повеќе онлине играчи од нас.Се сеќавам на времето кога имавме 150-200 повеќе онлине играчи од грците во било кое време.Тоа беше клучот за успехот.Големиот број на играчи ги неутрализиравме грчките тенкови.Се сеќавам кога бевме 500 играчи онлине и заедно мававме против грците.Ако сакаме да бидеме повторно доминатни како порано тогаш ни требаат нови играчи.

Следниот претседател кој и да биде треба сериозно да се позанимава со оваа проблематика.Ова треба да биде број 1 на неговата приоритетна листа.Ни треба нова и свежа крв за да можиме повторно да бидеме доминантни како порано.

Новитети ден 1653(PRC Mode ON)



Е по оваа промена веќе ќе се уриваат рекорди 🙂

1.За секој BH медал ќе се добива ракета која ќе прави 1 милион штета
2.За секој CH медал ќе се добива бомба која ќе прави 5 милиони штета
3.Ова важи се до ден 1659.После тоа се си е на старо
4.Ракетите и бомбите мора да се искористат до 1689 ден

Е сега веќе за БХ и ЦХ медал ќе биде голема гужва 🙂

Kако изгледа бојното поле за време на употреба на атомското оружје


Нас ни треба еден голем бејби бум + Новитети(PRC Mode ON)
http://www.erepublik.com/en/article/-prc-mode-on--2047520/1/20