Рефунд со кој сите ќе бидат рамноправни[Demigod_mk]

Day 1,364, 06:51 Published in North Macedonia North Macedonia by Demigod_mk



За да не ме сватат погршно ќе објаснам преку хипотетичка ситуација сакав и да нацртам али ме мрзеше искрено.


Пред зграда имате едно 13-17 деца и има еден фудбал за кој некој други 50-60 деца платиле (зошто паравоените работат за минималце и данок не плаќаат).

Секој месец си гласаат кој од нив да го чува фубдалот за тој месец.

Проблемот излегува што фубал може да играат само 6 на 6 асално и мора да се мењаат кој ќе игра а претседателот кажува кој колку ќе игра и кој ќе биде прва измена.


Поради тој проблем при секое избирање на кој ќе го чува фудбалот настануваат тешки караници и групирања зошто нормално секој сака да биде другар со новиот чувар на фудбалот и он да игра повеќе од другите.

Чим се избере новиот чувар одма групата чиј кандидат не победил почнува да го обвинува чуварот дека он сам си идел да си игра со фудбалот или дека он и неговите приврзаници скришно иделе и играле.

На сето тоа и чуварот секој месец си прави различни критериуми за кој ќе игра повеќе:

-Дали кој е најсилен
-Дали кој највеќе играл
-Дали чива сестра е најака пи**а во мало
-Кој секој ден ќе го части агро плочка или сладолед од 10 денари

И секој месец сите се караат.

За да го реши тој проблем со премногу играчи што сакаат да играат а премалце место решил чуварот последниот месец секој што ќе биде фатен како прави нешто лошо да биде казнет да не игра.

Тоа комбинирано со македонски менталитет ти е комбо неверојатно. (за секој војвода 3 предавници)


И уште толку повеќе ја вжештува ситуацијата а како што раснат децава се зголемува и можноста за потешки повреди.


Ако некој пак однадвор ја разгледа ситуацијава и е можеби и повозрасен ќе увиди само едно решени.


ДА ГО ЗЕМЕ ФУДБАЛОТ ДА ГО ДУПНЕ И ДА ГО ФРЛИ ВО ЕНДЕК


Затоа и јас предлагам да нема рефунд за никој АПСОЛУТНО НИКОЈ.

Сите даноци на 1%

И волкот гладен и нема овци.


Исто како и сега кој е заинтересиран за еМакедонија ќе си се тепа за нејзе,кој го интересираат златни икони на профил ќе си продолжи своето да си го тера.











Мора и да се додадат некој фактори кои се поврзани со влошувањето на состојбата во горенаведената приказна:




1.Тие 50-60 што го платиле фудбалот 90% од времето седат дома и гледат телевизија зошто никогаш не им даваат да играат,а веќе почнува да им се смачува да гледаат турски серии.



2.Некој од тие 13-17 деца имаат и подвоени,триплирани а во некој случаеви и многу-кратно мултиплицарани личности со што мамат при гласањето.



3.И некој од тие 13-17 деца имаат способност да си купат ново тело од професионални фудбалери и со тоа си го осигуруваат своето место во тимот.








Продолжението од планов зошто сепак пак се собираат пари од 1% данок ќе биде објавено следниот месец.







Субови не ми требаат али шаути се добредојдени

Рефунд со кој сите ќе бидат рамноправни[Demigod_mk] http://www.erepublik.com/en/article/-demigod-mk-1-1843036/1/20