Рефунд Систем

Day 1,364, 05:44 Published in North Macedonia North Macedonia by erep na qrac

Некој тука предочи дека државните резерви во злато и денари се скромни, несоодветни да покрие било каква позначајна воена кампања што може да надојде. И во право е човекот. Некој тука посочи дека државниот рефунд што го добиваат воените единици е скромен, распределен бил доволен да покрие комплетен 200-300 фф по војник, па ете војниците морале да се снаоѓаат настрана. И во право е човекот. Некој ќе укаже дека цивилите за цело време го полнат државниот буџет, не земаат безмалку ништо од буџетот, дополнително, не мал број цивили се далеку подисциплинарани и територијално врзани и со сопствени средства и труд се борат за Македонија, па затоа војниците на рефунд немаат никакво морално право да се однесуваат како што се однесуваат. И во право е човекот.

Каде е проблемот?

Вообичаено фокусот е на персоналните аномалии наместо на системските аномалии. Како упростена реплика од СЖ во игрицава го имаме рефунд системот. УЈП прибира пари од даноци, тие пари ги трансферира до Министерството за Финансии, а ова ги распределува на корисниците. Но во играва имаме ограничување во сумата на дневниот трансфер од УЈП до МФ. Ако се знае дека златото е референтна вредност, ценовна котва во однос на која се пресметува вредноста на производите, тенкови или храна, тогаш не е сеедно дали имате курс од 500 МКД за 1 златник или 200 МКД за златник. Со тоа вредноста на рефундот е срозана дополнително.

Во времето кога ограничувањето системски беше поставено на 300 фф дневно ороводци беа болниците и куќите за залечување, покрај златниците. Државата имаше приход и златници дури да плаќа странски платеници. Но сега ограничувањето е во материјалната производна база, па имаме ХХХ војници и цивили со капацитет да мавнат но немаат леб ниту оружје. Јагмата за рефунд, караниците, го покажуваат токму тоа. Имаме премногу војници специјалисти кои немаат сопствена производна база, туку се зависни од рефунд како значаен извор на приходи.

И кога е во прашање курсот може да се каже дека Македонија е како село без кучиња. Маргината на зароботка на курсните разлики злато/мкд - мкд/злато е меѓу најголемите во еСветот. Бидејќи системскиот бот откупува производи по поголеми цени константно се впумпуваат денари. Опасноста е дека во еден момент цената за златник ќе прескокне на 530-500 МКД т.е 0,002 и големиот број на шпекуланти во ден-два ќе повлече голема количина злато за да се ослободи од количината на шпекулативни денари. Овие ценовни дивеења, нагли плими и осеки се рај за шпекулантите и трн во ногата на чесните и трудољубиви играчи.

Но да не биде само критика, да предложиме по нешто:

1. Државата при ценовниот прескок преку МФ би можела да интервенира со златници за да во првите неколку дена го држи курсот на 550-580 МКД за златник. Потоа да го спушти крсот на 520-540 МКД за златник. Во Шпанија имаме таква интервенција. Со тоа се гонат шпекулантите поради малата маргина на заработка.

2. Овие денари би можеле да се поделат на војници со намена да купат рудник за шалитра или говедска фарма. Цената е 8500 МКД со вклучено земјиште. На тој начин се јакне производната база на еМакедонија и се откачува на неколку месеци одреден број војници од рефунд затоа што тогаш ќе имаат приход од 100-тина денари дневно, и тоа за стално.

Има уште што да се додаде, но засега толку 🙂