Кандидатура за претседател [Demigod_mk]

Day 1,228, 03:53 Published in North Macedonia North Macedonia by Demigod_mk

Здраво Македонијо





Решив да се кандидирам на овие претседателски избори поради фактот дека Струмјанин не може да биде овој месец.Додека он беше не гледав никаква потреба дека супер си ја работеше работата и туѓите планови ги спроведуваше без никакви проблеми.

Еве ја сега мојата програма во продлжение за тие што ги читаат моите статии во споредба со програмава статиите ќе изгледаат епте ептен мали затоа:

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ДОЛГА СТАТИЈА


Мојата програма се состои од 7 дела:

1.Вовед
2.Војска
3.Економија
4.Надворешни работи
5.Внатрешни работи
6.Конец


1.Вовед

Одприлика сите ги знаат моите идеи и ставови за како треба да се развиваме али еве ај уште еднаш да објаснам.

При секаква војна со Грција ќе добиеме ББ што или би не претворил од сила во супер сила или само би изгубиле многу потенцијални играчи.Македонија е земја од 2 милиона немаме многу шанси за ББ затоа мора сите да ги искористиме максимално.

Состојбата е таква во моментот што ние немаме организирано ни 30% од играчите од минатите 2 ББ а камоли пак ако би дошле нови 10 000 играчи.

Мојата идеја е дека прво треба да се стабилизираме убаво бар уште еден месец да изградиме мини-империја во Централна Европа и после кога ќе навалиме на Грците да навалиме асално.

Кога ќе дојдат тие нови играчи да имаме министерство за информирање и образование кое е спремно.

¼ од картата на Европа обоена Зелено

и еМакедонија која победува на сите фронтови.

Во моментот тоа еМакедонија го нема и со напад на Грција ќе си го потрошиме нашето најголемо ББ и ситуацијата ќе биде како сегашната само х3 полоша со милиони статии во еден ден и други работи.

Можам да ви ветам напад на Грција или напад на Бугарија но едноставно тоа не е во нашите интереси во моментот,барем не е ако сакаме на подолг период да бидеме светски играч а не регионален играч а според вашите мислења изразени ОВДЕ јас мислам дека поголем дел од играчите на еМакедонија се за првото.



2.Војска

Веќе е прекасно да се има само државна војска паравоените се тука и ќе останат.

Мојот предлог е следниов.

Кога не може да се вклопат сите единици во АРМ да се дојде барем до договор за универзална дефиниција за што е Единица и кој услови треба да ги исполнува некој група организирани играчи за да бидат единица.

Сите кои имаат било каква идеја би можеле да ми ја пратат и после ќе бидат сите објавени и ќе биде даден и заклучок до кој Владата дошла со јасни услови кои треба некоја група играчи да ги исполни да биде единица.

Условите ќе бидат за следните работи:

1.Број на Членови
2.Компании


Потоа единиците ќе бидат поделени на категории според сила и компании на:

1.Лесна
2.Средна
3.Тешка

Рефундот потоа ќе биде делен по следната многу едноставна формула:

Рефунд=број на членови во дадениот момент на даден канал х категорија // Формулата е многу едноставна и овој систем е многу тешко да се манипулира

Рефундот нема да биде за секоја битка туку кога е потребно или кога има екстра средства.Некогаш ќе биде во МКД но понекогаш и во оружје,храна,жито и железо.

Многу важно ќе биде и да се вратат Македонците кои се во странски единици назад во Македонија.Сите заинтересирани ќе бидат собрани на еден канал за со своето стекнато искуство да се договорат да отворат своја единица во Македонија.





Новитет за овој месец ќе биде и создавањето на Совет

Советот ќе биде составен од по еден претставник од секоја единица која ги исполнила условите.Тој претставник ќе се бара да биде и најактивниот член при создавањето или член со добри квалитети на организирање.

Овие “ментори“ потоа ќе бидат праќани по ново создадените единици за да им помогнат при организирањето исто така и ќе предупредуваат ако се види дека некоја единица ги користи членовите како работна сила.

Секоја единица на која и требаат членови и е одобрена од Советот ќе може да се рекламира на весникот на Министерството за Одбрана.







3.Економија

Овдека со сите измени во воениот модул искрено и нема многу што да се направи.

Тука планирам да спроведам само една идеја која не е моја ја прочитав во весник ако писателот се препознае нека ми пише и ќе му го додадам името.

Идејата е наместо да оставаме админите да ни откупуваат храна,оружје,жито и железо од маркет и со тоа да вадат продукти кои можеме да ги користиме и ни убацуваат безвредни МКД.

Македонската Народна Банка да интервенира од време на време со своите резерви од 700 000 мкд и да купува од маркет суровини и производи.

Суровините потоа ќе се користат за во државните компании да се произведе нешто од нив или ќе се даваат на единиците како рефунд.

Производите ќе се делат на сите играчи,ќе се продаваат во странство како валета или пак ќе се даваат на војската.




4.Надворешни работи

Ситуацијата е ептен чиста ќе се трудам Македонија во најкраток можен рок да стане полноправен член на сојузот ОНЕ.Но ако основачите одлучат дека не можеме да имаме рамноправен глас ќе пуштам референдум за што сакаат Македонците

Исто така за приоритет планирам да биде одолжување во каква било форма кон Црна Гора за тоа што дури дозволија да бидат избришани само да стигнеме до Италија без притоа да бараат нешто.

Исто така и да се врати услугата кон Србија што ни ја дадоа Западна Србија со тоа што ќе им ги дадеме Апулија и Молиесе и со тоа Србите ќе добијат уште еден ресурс нафта плус и ќе ги отсечат нашите колонии од Грците за да не можат да не нападнат таму директно.

~Нова позиција во Минситерството за Внатрешни работи

Втор заменик министер чија единствена работа ќе биде организирање спроведување и спонозрирање на државни ПТО врз странски земји за корист на еМакедонија.Можеме да видиме и во моментот дека некој македонци веќе пробуваат во Италија но сетоа тоа би било и поуспешно и поефективно ако е организирано од државата.










5.Внатрешни работи

Тука се е ок само ќе има 2 новости:

~Прашања до претседателот

Сите кои имаат некакво погенерално прашање ќе треба да пратат до Министерството за Информации.Секој 3 дена министерот ќе ми дава 7 најпоставени и 3 по негов избор прашања што јас ќе ги одговорам

~Пропаганда

Државно организирани ББ за поголема масовност.На пример ако можете да обезбедите реклама во некој Сајт или весник се тоа може да биде договорено со државата за да има некакви однапред подготвени случувања за ББ да биде што помасивен и поуспешен


6.Влада

Министрите за:

1.Образование
2.Информации
3.Одбрана

од владата на Струмјанин ќе останат зошто добро си ја работеа работата.

Министрите за:

1.Економија (поради според мене недоволна иновативност при решавањата на проблемите ќе биде сменет и тоа со ТИМ ОД ПОВЕЌЕ ЛУЃЕ кој е заинтересиран за местото ќе може да се јави преку конкурс.

2.Надворешни работи (затоа што некој играчи ова министерство си го сватија како нивна загарантирана фотеља.Тука ќе биде ставен човек што прво гледа за НАС а потоа за сојузниците.Познанставата ќе ги стекне со време важно е да е активен и да знае комуницира добро)

7.Конец

Јас не сум предавник ни бескичмењак јас прво секогаш ги ставам само нашите играчи а потоа сите други.Мислам дека и секој претседател треба да го прави тоа ако сака воопшто да ни биде претседател и заради тоа и Струмјанин беше толку добар претседател во споредба со другите.

Не може сојузниците да прават проблеми а после да очекуваат ние да влегуваме да ги расчистие без разлика колку тоа го замаскируваат како наш интерес.

Наш интерес не е да се прчкаме на Балканот туку да бидеме Супер Сила и да бидеме Империја.


Исто така еве и една екстра категорија

Политика

Јас не сум член на ниедна партија бидејќи го мрaзам начинот на организација на политичките партии во Македонија затоа ако некоја партија е заинтересирана да бидам нивен кандидат нека ме контактира.




ЕДИТ:

Зошто Kire mkd II побара во коментар на мој шаут еве и информации за мене.

Имам 20 години живеам во Скопје.По занимање сум студент со мешан успех а студирам на Електро 2 година сум.



Толку од мене

Поздрав Македонијо


FOR THE GOD EMPEROR