Номадска Империја или Регионален Борец? [Demigod_mk]

Day 1,219, 13:04 Published in North Macedonia North Macedonia by Demigod_mk

Здраво Македонијо

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: ТЕКСТОТ Е МНОГУ ДОЛГ


Во оваа статија ќе има некој идеи за како би можеле да се развиваме со новите правила поради кој ако се нема директна врска помеѓу главниот град и некоја регија бонусот од таа регија не се добива, а коментарите најверојатно ќе бидат и убава анкета за да се види кој какво мислење има.


~Прво еве ја сегашната ситуација:



Главен град: Источна Македонија

Ресурси: Стока,Овошје и Алуминиум

Одсечени ресурси: Риба,Нафта,Железо

Поради тоа што нема шанса да имаме каква било врска со регионот за железо Западна Србија поради тоа што ќе треба да ги држиме 2те алуминиумски региони на Србија тој следниот месец најверојатно ќе биде вратен.

Црно Горските региони се враќаат.

А Италија ќе ја освоиме зошто ни се може 😃 .


~Ајде сега најверојатната ситуација во блиска иднина:



Главен град: Источна Македонија

Ресурси: Овошје,Стока и Алуминиум

Одсечени ресурси: Нафта,риби и шалитра

Регионите на Србија и Црна Гора би биле вратени.

ВАЖНО: Мост до Италија преку Грција,Косово или Албанија е невозможен и нереален и најважно неодржлив на краток временски период а камоли на долг.Плус во секој случај на непријатлот би му требало само 1 РВ за да не одсече од се.


еве ги двете можни сценрија како би можеле да се развиваме по мене:


~ Номадска Империја

Првото нешто што би морале да го направиме овдека е да ги ставиме оригиналните територии како второстепени поради географското ограничување што го имаме поради нив и да имаме огромно ниво на дисциплина и организираност.

Добрата страна пак е дека во секој момент ќе имаме најмалце 8,9/10 ресура и ќе бидеме многу флексибилни а играва ќе ни биде и ептен динамична.

Ова би можело да биде завршено до крајот на следниот месец и е 100% отстварливо.



Главен град: Emillia-Romagna

Ресурси: (Нафта,Шалитра,Риби,Овошје//Италијански региони),(Железо,Стока//Швајцарија),(Елени//Австрија),(Жито,Алуминиум//Изнајмени од Словенија)

Одсечени ресурси: Ниеден

Сега многу ќе збеснат ти си ненормален што мислиш дека сме ние и такви глупости али треба да се земе во предвид и дека овие земји да се соберат сите заедно и да им се помножи целата војска х3 ќе имаат колку две единици македонски.Исто така и ќе мора да се разбере дека земјите како Србија,Полска,Шпанија сакаат да имаат колонии по цел свет + нивните региони да бидат 100% безбедни кое со новите правила е невозможно.


Освоените нации би можеле да бидат пацифизирани многу лесно.

PTO подржани од власта.

На сите другари што ги викате во играта (не мултија) им викате да се родат во Италија и со тоа ќе добијат државјанство.Италија има само 180 гласачи и би ги средиле за 2 месеца комплетно така да пола од нив се откажат а ние имаме целосна контрола врз државата.

Откако ќе се направи ПТО на Италија им ја враќаме Апулија и така ги одсекуваме нашите колонии од непријателите од Балканот Грција и Бугарија додека во Централна и Западна Европа не може никој да ни се спротистави.

Исто така сите играчи ќе мора да бидат во новиот главен град за да се дигне цената за РВ.Директен напад би бил невозможен зошто најмалце 3-4 дена би им требало да стигнат до него а ние во секој случај би можеле да дигнеме РВ и да се одсечеме од непријателот дека Италија би ја контролирале.

Со овој модел ние ќе можеме да идеме на сегде но никој не би можел да дојде до нас.Нештата како падна Источна Македонија или Повардарие би биле непостоечки.

ПРОБЛЕМИ: Ова бара организираност на неверојатно ниво зошто најчесто ќе бидеме соочени со по 4 РВ`ија од еднаш + уште 1 наша битка и 2-3 за сојузниците.Бркањето на БХ ќе мора да се искорени од единиците и ќе треба прво да биде едржавата,па единицата,па што сјае на профил а не како сега по обратниот редослед.

Позитивни работи: Играта ќе биде многу динамична (колку што може ереп да биде) и ќе успеваме да ги задржуваме новите играчи во доста големи бројки зошто за секој ќе има нешто да прави.Можеби еден ден ќе успееме да влеземе во еИсторијата 😃 како Индонезиската ,Романската ,Норвешката,Пакистанската империја.

Знам дека не убедив многу со овој дел али сега еве ја и алтернативата па сами пресудите.

~Регионален борец:


Овој дел е далеку пократок од претходниот најмногу поради фактот дека нема многу да се каже.

Тоа значи да идеме на Грција и Бугарија.Прво ќе мора да ги вратиме сите колонии дека ќе бидеме замарани со РВ`ија цело време во доста важни битки.

Војните ќе ни бидат ретки но интезивни најчесто ќе треба да се спремаме по цел месец само за краткотраен пробив како што беше кога се боревме со Бугарија.Како Србија-Хрватска,Унгарија-Романија,Грција-Турција.

Добри страни: Си се знае кој се непријателите нема забуни не мора се мисли многу не мора да се мачиме за глупа игра.

Лоши страни: После колку битки за регионите Софија,Егејска Македонија,Источна Македонија,Повардарие,Албанија ќе ни стане досадно и ќе се откажаме од играта.Ќе има константни препукувања во политика како што има кога имаме МИР додека во првиот случај за незадоволните ќе ги има Италија ќе има дипломатија активна и ќе има за секој да прави по нешто.


За крај ако може по еден суб овдека би било супер:

http://www.erepublik.com/en/newspaper/treta-smena-249656/1

http://www.erepublik.com/en/newspaper/novo-lisice-budalo-252668/1

Толку за денеска

Поздрав