МПП СО ХРВАТСКА,DARKO888 ИЗБРКАН ОД ДРЖАВНАТА АРМИЈА

Day 2,113, 09:29 Published in North Macedonia Mexico by darko888









После скандалозниот предложен НАП на Грција за кој владата и претседателот лажеше дека таков договор непостои и дека Грција прва предложила,но по објавувањето на А1 изјавата од грчкиот министер и грчкиот премиер,македонската влада излезе со статија дека сепак имала таков предложен договор,погрешка предложениот МПП со Албанија што лошо влијаше на угледот на Македонија и претставува потчинување на Македонија сега и МПП со Хрватска кој беше прифатен од хрватските конгресмени,но со разлика за само 4 гласа.Резултатот е 20 ЗА и 16 ПРОТИВ што кажува дека Хрватска нема желба за МПП со Македонија.Освен резултатот,во Хрватска има и објавено статии во кој Македонија се нарекува ФИРОМ и како држава Македонија е исмејувана и омаложувана.

Во претходната статиа А1 објави една од статиите во кој Македонија е таргет за исмејување и која oсвои 129 гласови и е наречена Macedonia Troll History.
Поголем дел од хрватските играчи коментираа негативно за МПП со Македонија во сите објавени хрватски статии за МПП со Македонија:











Во хрватскиот весник Komunizam News јасно се гледа како македонскиот играч lazarosaMKD излезе во јавност како неколку членови од хрватскиот конгрес бараат пари за да гласаат за МПП со Македонија.Целосната сторија може да ја прочитате на овој ЛИНК.

Освен хрватските играчи против законот се и неколку македонски играчи кои сметаат дека после бламажата со предложениот НАП со Грција и погрешка предложениот МПП со Албанија,Македонија не е во состојба за уште едно потчинување и молење.






Еден од владините подржувачи изјави дека нема проблем и ФИРОМ да не викаат:

После овие случување А1 стапи во контакт со следниот претседател на Хрватска кој има најголеми шанси за победа,тој е елитен државјанин со 110 левел и неговата кандидатура е подржана од 11 партии.Тој за А1 кажа дека во неговиот мандат нема да се подржи МПП со Македонија и децидно кажа дека денешното прифаќање на предлог законотoт МПП со Македонија се должи на поткупени конгресмени за кој има и докази.



Преку статија се изјасни и претходниот претседател на Македонија akconel кој кажа дека е против и дека треба да се престане со молењето на Хрватите за МПП.Тој напомена дека таквото молење трае од мандатот на димза.Целосната изјава за српските и хрватските односи со Македонија може да ги прочитате на овој ЛИНК.

За наводен успешен мандат и покрај потчинувањата,банирањето на претседателот и не прогласување НЕ на Грција во време кога беше најпотребно,членовите и подржувачите на владата бараат втор мандат иако Персеј Македонски се закануваше дека ќе даде оставка на 22 август што никогаш не се случи со цел да изигре улога на жртва после лажењето и скандалот со НАП договорот.Подржувач за втор мандат е и KikoKuman кој А1 во статија обелодени дека измамува државјани на Македонија.КикоКуман тогаш беше член на ОеМ и Армакедон поради големите поделби но откако поделбите се намалиа тој ги смени картите и се приклучи како придржувач на владата.Целосната сторија за КикоКуман може да ја прочитате на овој ЛИНК и на овој ЛИНК.Вчера без срам напиша порака до мене со навредувачка содржина.



Кампањата против А1 продолжува.Откако се случи мамката против А1,навредите,обвинувањата без докази,користењето на името А1 за политички цели,објавување на пародична статиа за А1 од страна на подржувачи на владата, денеска претседателот се дрзна да го исфрли мојот акаунт од Македонската Армија,иако А1 во последните денови нема објавувано ниту спаминаро на зидот на Македонската Армија.Прашањето останува зошто денеска се случи такво исфрлање и по која основа.Исто така нејасно е дали секој кој не е истомисленик со владата треба да ја напушти не само Државната Армија туку и државата.Пред неколку недели слична случка која А1 ја нема објавено досега се случи со член на DSW кога беше исфрлен од официјалниот канал на Македонија поради тоа што немаше исти ставови со одговорните на каналот.Исто така под иницијатива и пријави на членовите на владата,статиата РЕЗИМЕ НА СИТЕ ЛАГИ НА ВЛАДАТА беше избришана од администраторот Плато.Ова јасно покажува каков отпор даваат владините членови и претседателот со цел да ја нема А1.