Македонско - Српско/Хрватски односи

Day 2,112, 11:07 Published in North Macedonia North Macedonia by iPocahontas

Поздрав Македонци, Срби и Хрвати.

Пред да започнам со статијата сакам да напоменам дека:

Ова е само мое лично мислење и не ги претставувам официјалните Македонски ставови во врска со текстот кој ке биде прикажан подолу.

Статијата ке содржи 2 дела во кои ке бидам критички настроен кон Србија и Хрватска со факти за кои се прават наудрени.

Ми се смачи да слушам навреди и окривувања од Србите дека ние сме криви за се.

Текстот нема да го преведувам зошто уверен сум дека доста добро го разбираат Македонскиот јазик.

1. Македонско - Српски односи

Има многу носталгичари и луѓе кои ги бранат Србите дури и не маваат против нив исто така има и Срби кои не сакаат да маваат против нас и да кажуваат лоши зборови, но има и будали од двете страни кои се палат како млади мајмуни на секоја провокација што донесе до разделување на патишата на двете држави. Тука се и троловите кои успешно си ја завршија својата работа.

Факт е дека Србите неколку пати не разочараа и ни свртуваа грб во играва само заради тоа што бираа дмг наместо лојалност и пријателство.

Ке наведам само неколку причини каде што Србите не клоцаа во минатото, а ги има повеќе.

1.1 Уште кога се формираше CTRL сојузот Србите имаа можност да влезат во нов сојуз и да не клоцнат или да останат до крај пријатели со нас. Ја одбраа првата можност под притисок на Полска која си игра ташак со Србите со години, а гледаме денес колку им ,,помагаат и се верни сојузници''.

1.2 Односите беа разнишани. Подоцна дојдоа со барање да им се отстапат региони во Италија за да можат да дојдат до ресурс повеќе. Наивни ние им дадовме региони во Италија со договор кога ке ни затребаат и побараме Србите самоволно да ни ги вратат. Дојде денот кога ни затребаа ресурсите во Италија а Србите се правеа како ништо да не знаат и како никогаш ништо да не се случило па кога видоа дека не пиеме нафта не залажаа давајќи ни 2-3 региони во Арабија што во споредба со регионите во Италија беше ништо.

1.3 Србите упорно тврдат дека Македонците се први кои го ,,предадоа'' братството со потпишувањето на МПП со Америка. Немојте Срби да се правите будали на здрав разум сите знаеме дека одамна пред тоа МПП со Америка ВИЕ први преговаравте и беше договорено МПП со Романија значи зад грб работевте цело време, а нашето МПП со Америка го искористивте само за да тролате дека ние сме криви. Се гледа колку Романција се пријатели со Србите. Прекрасно пријателоство трогнат сум.

1.4 Следно предавство од страна на Србите е потпишување на МПП со нашиот најголем и смртен непријател на играва Грција. И за ова ли Македонците се криви? До пред потпишувањето на МПП ретки беа Македонците и тоа некој залутан трол кој маваше против Србија. И ова е пријателство без граници како Романското доста Грчки играчи лупаа против Србија или пак кукаа на Србите дека ,,неможат'' да и помогнат зошто не држат нас.

1.5 Неуспешниот воздушен напад над Пакитан. До пред тоа Србите воопшто не знаеа каде се наоѓа Пакистан па наеднаш стана света Српска земја која треба да се брани од злобните Македонци.

1.6 Нашите ослободителни востанија против Грчка за конгрес само колку ли колку се турија од тенкање кутрите Срби (секоја чест на исклучоците) да си ги заштитат новите братчиња од кои ке проплачат во иднина.

Жалам Срби но ние не сме превртливи како вас да се вртиме таму каде што дува ветрот. (каде Полска ке каже)

Дури и испаднавме криви за тоа што сме отишле во сојуз со Бугарите. Да не требаше уште вас да ве молиме? Па нормално дека ке си бараме нов сојуз и сојузници кои вредат.

Околу законот за НЕ над Србија.

Ова има добра и лоша страна. Добрата страна е наведа погоре во потточките и мене веќе ми се стемна од дебилните дволични игри на Србите време е да платат за сите неправди кои ни ги направија во минатото.

Лоша страна на подолгорочен план е што ако еден ден се вратиме на Балканот тешко дека ке опстоиме.

Но подобро еден ден ЛАВ отколку цел живот ОВЦА.

За крај уште една напомена:

Не плачам и не сум носталгичар и да кукам по Србите за повторно да се спријателиме туку сакам само да им покажам и докажам дека неможе да си играат како сакаат и да се прават наудрени дека за ништо не се тие криви туку ние секогаш сме ги разочарувале.

Епа Срби сега ке плаќате дебело, додека вашите сојузници (Полска, Романија) кои сами си ги одбравте спремаат пуканки да гледаат како вие ке бидете издупчени од соседите.

Честитки!!!

2. Македонско - Хрватските односи

Не знам зошто сеуште и сеуште се продолжува да им се лижи газ на Хрватите и да ги молиме за едно плукнато МПП. Во мандатот на димза се бараше МПП, крсте мандатот, во мојот, сега и персеј бара МПП има и закон пуштено и сеуште Хрватите не сакаат МПП со нас.
Па зошто тогаш ги молиме?

Хрватите сеуште се во некој филм дека не ги предаваат своите сојузници и остануваат верни на сојузот. На кој сојуз се верни? На сојуз кој не постои?

Нели направија предавство со потпишувањето на МПП со нашите сојузници: Чиле, Шведска, Бразил, Русија, Парагвај, Финска, Италија, САД, Швајцарија, Германија, Мексико, Индонезија, Перу.

Нели овие МПП битки се предавство кон ,,нивниот сојуз’’ кој не постои и од кој изглегоа? Проблемот го имаат со нас и треба да се престане да се молат.

Хрватите се мислат дека се веле сила пикнати во Индија и мислат дека никој не ги напаѓа (поготово Србија) зошто се плашат од нив дека се многу јаки. Ах бре луди Хрвати сватете дека Србија или некој од ТВО намерно не ве чепкаат таму да не им правите проблеми на Србите на Балканот.

Хрватите играва ја играат само на 2-3 месеци да им направат проблеми на Србите 2-3 дена и се мислат дека направиле светско чудо.

Апел до идните ЦП, МОФА играчи да не ги молат повеќе Хрватите за МПП се додека се во филм дека се веле сила и не го предаваат својот сојуз. (кој повеќе не постои) Ништо не трае вечно ке дојде ден кога ке бидат нападнати од некоја држава во Индија и ке видат дека не се толку јаки како што се замислуваат и ке почнат да кукаат за помош но ке немаат каде.

Ајде да не зборувам понатака се надевам дека со кажаното досега Србите ке разберат каде им е грешката а доколку не разберат нека прочитаат повторо и повторно се додека не разберат. Ама џабе и да разберат касно е скршен леб не се лепи.

Истото и за Хрватите важи касно ке разберат дека им треба МПП со нас но се надевам дека кога ке дојде тоа време ние ке се правиме луди на нивните барања.

Ова беше само мое мислење околу нашите односи со горенаведените држави. Ако некаде грешам исправете ме.

Се надевам дека во коментари нема да има навредливи содржини туку ке има нормална дискусија во спротивно ке бидат репортирани и избришани.

Со почит

akconel