Операција пајажина: АрАмиско гнездо BUSTED

Day 1,223, 13:09 Published in North Macedonia North Macedonia by Apokalipto


После трол... надежните укази на чесните и мили калуѓерки сас големи прсти и правопорпорционално поголеми езици (немајте мака, не сум гледал чудно порно), финансиска еполиција во желба да ги доограб... провали во тајните канцеларии и одвнатре прегледа што се се случувало во структурата на АрАмиите, притоа ја осозна целокупната шема и принцип на кој се одвивал криминалот и матните игри...

Притоа е пројдена мапа која ја покажува структурата на криминалците, кои невобичаено и досега невидено работеле на прицип – пајажина:

клик на линкот за поголем граб... приказ на сликата.

Понатаму пребарувајќи по скриените логови од војната со Бугарија (која во меѓувремену са испи*ка и си ја собра опашката) пронајдена е легенда на шифрираните имиња прикажани на мапата погоре... за секое од имињата на сликата се испишани клучните карактеристики и тајни способности...

Во средината е упикан мистичниот газда Вељо (секоја случајност со (с)личности од реалноста е сосема случајна и потполно неслучајна xD) во играва се наоѓа под псевдонимот Македонски(долнацрта)Лав. Љидер на партијата која ги обединува одметнатите криминалци... на чет ротира под уште почудниот псевдоним Лил Џон... поради скриени амбиции да стане рап певаљец од една страна а од друга страна да предизвика симпатии кај женскиот пол ама сосема безуспешно за разлика од неговата десна рака:

VanCHO... човекот со бугарски никнејм кој работи во грчка фирма и се вози во француско ауто, мастер во полето – десна рака љеви џеП, после еден легендарен грабеж кидна во мексико каде што купи фирма за љ5 викендици и од таму го цица целиот профит кој го дели со “пајакот”.

Пајаковата лева рака, q5 крими експертот Дрпаш – совршенството за криминал и изнуда, светски познат после победата на мистер Президент е една од клучните личности за финансирање и одржување на структуирата на АрАмиите, меџувремено се води цела војна (на државен трошок) да се ослободи од италијанско роПство.

Помошниците од десна страна се ненадминливите Кракер и Јунитед ЕМ, двајца докажани експерти од областа на економијата и ракување со пасвордите на трезорот, ненадминливо интелегентни и вешти во стелт влегувањето и излегувањето во државните резерви... додуша никој не ги ни видел во живо...

Од лева страна се наоѓаат Борис и Цајрил, првиот како експерт за агитација и принуда, вториот рекетар кој на принципот на принуда има огромен број вработени во своите поседи, секој од нив по еднаш истакнат водач на групни собири (гласачка маса де).

Веднаш на чело се наоѓа претседателот Струмјанин, и ако почнам да пишиувам за него гарантирам дека ќе ме спречат тајните служ....

Од долу, во најблиска околина до пајакот се наоѓа актуелниот Коњановски т.е Макед(со 0 тука)нер, истакнат деец и поборник за располагање со светиот рефунд, кој неправедно го дели по структурата прикажана на мапата....

Во вториот и третиот круг на пајажината се наоѓаат еден куп познати фаци:

Макед(и тој со нула тука)н, познатиот кавадарчанец, експерт за тивко инфилтрирање и карање со непријателите на ирц каналите...

Џаџо, нинџа стил арамија, кој работи од сенка и располага со фондовите и лозинките од сите трезори...

Фрике, атомската бомба (сикрет вепонот) на АрАмиите, истрениран од клингонските монаси за совршен излив на нервоза и за вечен натревар за влез во гинис листата на оператори со намногу поделени банови, припадник на класата АрАмии која со невиден прогрес се развива и расте...

Пеперутката, толку е таинствена што ни самите АрАмии, не ја виделе, дејствува од сенка и влијае на психата на широките маси, своите жртви ги убедува во честноста на АрАмиите...

- Е ПЕ ПЕ -
преглед на тајниот аватар на АрАмиите...

- крај на Е ПЕ ПЕ-то -

Феникс, министерот за пропаганда кој има цел да ги прелаже сите да прејдат на темната страна... се претпоставува дека нацртаната мапа со структурата на криминалот е негово дело... совршен фалсификатор и познавач на правните дупки...

И(р)фан, повеќапати истакнат АрАмија со способности за инфилтрација во медот, јако развиени вештини за брзи и кратки донации...

Дјук, кум на мафијата. Учител, длабоко му ги вгнездил основите на вештината за арамисување на неговото чедо Дрпаш.

Гока Грозни, припадник на олд скул крадците, шармира и ограбува, еден и единствен, тотално незаменлив припадник на класата АрАмии. Се истакнува со совршеното око и изборот на идни АрАмии...

Коте, мис на единицата, министер за пропаганда, директен наследник на олд скул стилот на Гока, шармира и хакира... спој на старото и новото, испратена од страна на АрАмиите на студии за компјутерски криминал (пазете се)

Маке 1989, експерт за јавни дебати и помошник министер за пропаганда, совршен познавач на криминалитетот и експерт за прикривање и работа од сенка...

ЕрикаЗ, агент од стилот на Џејмс Бонд, женска верзија ја има и кај што ја нема, експерт за контактирање и прибирање информации..

Еклекс, парнерот на Арамиката Коте, експерт за бази на податоци и прибирање лозинки....

Какаши сан, нинџа со потекло од јапонија, директно поврзан со Цајрил и трговијата и експлоатицијата на робови...

Брсјаче, ново приклучен припадник на арамиите, вклучен во пропагандата со неговиот весник, се наоѓа на сите чет канали како идлер и совршен шпион, обожавател на музика, креатор на идната химна на Арамиите... бидејќи сакаме да сме сАвремени и ја неќиме старата (башка дело е на Командерот Тром):
http://www.youtube.com/watch?v=-ZLs0ukAZh8

Деда Нојко, код име за ДедаНое, кој не е ДедаНое, мистерија поголема од самата мистерија, нема кај го нема и нема кој не го знае, негова мисија е преобратување на чедата кои ги изгубиле својот пат и да ги упати во пеколните машини кои ги двиѓат АрАмиите...

Спасе Пекаро, код име за човекот главен за прехрана на арамиите, вечно засукан и расположен за месење, секогаш тука да ги сослуша побарувачките на леб од сите членови на АрАмиите.

Крсто еден од членовите за чија работа малку се знае... мислам дека во моментов ме шпионира преку некоја програма која ја дели по сите под код името “скриптата за ерепублик”

Егзорциста и Фацка, ангели чувари на Фрике, сите на иста развојна програма, работат од сенка како и поголемиот дел од нашите тајни членови, прибираат странски донации...

Патриото од Прилеп, како и што кажува неговото место на потекло, експерт за искачување со цел да го земе и украде она што вредните еМакедонци го скриле на највисоките гранки... од него нема куртул...

Џони... податоците за овој АрАмија се наоѓаа на ливченце кое беше оштетено... и поцртано со црн маркер 😒

Чернобил, име кое асоцира на катастрофа пренослива преку воздухот, засега дистанциран од кражби, негов отсек се шармирањата на членките на единицата...

Софче, АрАмиика која има за задача да се инфилтрира во фб профилите на сите припадници на непријателските единици и да обезбеди нивни лични податоци како тие би добиле закани...

Командерот Том, член на АрАмиите со веб дизајн способности и визуелни лажги со кои собира позитивни критики за нечесните дејствиЈа на АрАмиите, секогаш расположен да украде само за фирма +

Чоканчето, вечен соработник на Пекаро во обработката и дистрибуцијата на леб за единицата, потплатен бркач на БХ медали со украденото злато...

Трто, новодојденец кај АрАмиите, со беспрекорно досие, но докажан во способностите за РАКувАње со фондови, на пат е инфилтрација во аналите на системот...

Христијанчо, стар докажан арамија, гласноговорник за правата на АрАмиите, вистински црнец кој се жртвува и работи за минимални суми секакви одвратни работи, агентиште!

Подмочани.... насилник кој упати директна закана за да не се напише ништо за тоа дека е насилник кој не дава да се напише ништо за него...

Кепенци, портарот на единица, сместен во Струга за да се вклопи со чудниот ник, ги ограбува монетари маркетите на повеќе земји...

РАГ, криминалец донесен од странство, единствениот преживеан од племето на крадци кои никој не ги гледа и познава, кохабитира меѓу нас, потполно невидлив...


p.s поголеми крадци од АрАмиите се само оние кои крадат туѓо, во случајов сликата која е дело на Феникс и требаше да биде наменета за оваа статија, затоа не се палете многу 😘 (се однесува на купот народ кој се попали мислејќи дека ја открил америка)