Ситуацијата во еСветот

Day 1,223, 12:13 Published in North Macedonia North Macedonia by kjanko

Како што веќе знаете, започната е интезивна војна меѓу најмоќните сојузи во еРепублик, EDEN и NWO(ONE).

Земјите членки на EDEN полека но сигурно ги губат своите оригинални територии. Се водат повеќе војни, меѓу кои од позначајните се:

Србија - Хрватска
Оваа војна се води веќе подолго време. Конечно Србија започна офанзива и успеа да окупира неколку Хрватски територии. Хрватска безуспешно се обидува да ги врати. Ако продолжат вака, наскоро Хрватска ќе биде избришана од мапата.

Унгарија - Романија
По успешната офанзија, Унгарија успеа да окупира 2 Романски региони, Трансилванија и Мутенија, но денес Романија извојува победа и си го врати изгубениот регион Мутенија.

Турција - Грција
Конечно! Турците ги ослободија нивните оригинални региони, дури и освоија оригинален грчки регион Aegean Islands. Да се надеваме дека ќе продолжат да освојуваат грчки региони. Македонија дури и би можела да им асистира во нивната намера, со напаѓање на регионот Македонија.

Македонија - Италија
Нема тука што да се пишува, Италија неможе да земе ниту една мини битка, па наскоро ќе биде избришана од мапата.

Индонезија - САД
Оваа војна заврши, со потпишување мир од двете страни.

Бугарија - Иран
По успешната офанзива на Бугарија и окупирањето на Иран, Иран полека но сигурно си ги враќа окупираните територии.

Шпанија - Бразил
Бразил моментално води во оваа војна, бидејќи го окупирање шпанскиот регион Андалучија. За сега состојбата е мирна.

Полска - ЕДЕН
Полска е во војна со повеќе членки на ЕДЕН и за жал ситуацијата не е добра. Се очекува наскоро да изгуби некои од своите колонии.

НОВО:
Бугарскиот конгресмен НКФВ предложи закон со кој Македонија би станала ПН(природен непријател) на Бугарија. Ако овој закон биде изгласан, на повидок е Втората Македонско-Бугарска војна. Ако дојде до војна, се надевам дека Бугарија за главен регион ќе мора да избере регион од Азија.

Мој предлог:
Да и се даде Источна Македонија на Србија, да смениме главен град во Италија со цел да ги добиеме бонусите кои што ни следат и заедно со Турција да ја нападнеме грција од 2 страни. (Дури и Египет би можел да ги нападне грчките територии во Мала Азија, но потребен е дијалог).

Hail NWO(ONE)!
Hail Republic of Macedonia!

Vote + Subscribe