Македонија во минатото,сега и во иднината !

Day 1,223, 12:33 Published in North Macedonia North Macedonia by Hackyman
Иднината на еМакедонија[а и на Македонија 🙂] е светла.еМакедонија се развива и се развива во изминативе пет,шест месеци од нејзиното додавање на еСветот.


Само три месеци од додавањето на еМакедонија ние освоивме територии на еБугарија,држава која постои од самото создавање на оваа игра.Тоа беше гоолем успех за нас Македонците иако после неколку дена еБугарија ја зазема цела еМакедонија...но сепак ние брзо ги вративме териториите.Оваа војна немаше победник и ние и бугарите имавме штети.Од оваа војна излеговме со едно големо искуство,голем бејби бум и секако направивме инфлуенс со кој го накачувавме нашиот воен ранк.

После таа војна ние во наредните месеци работевме на јакнење на државата и нашата држава зајакна во голема мера благодарение на добрата организираност и созревање на многуте играчи бебиња.

Потоа после тој долг пост без војни влеговме во еден доста интересен период за нас и општо дојдоа поинтересни времиња во еСветот.Како што веќе кажав во мојата претходна статија прво беше тренинг војната со Србија во која ни отстапија регион богат со железо,но сега откако Плато ни донесе промена со која ние не добиваме ресурс бонус од сите територии кои не ни се поврзани со главниот град мислам дека ние би требале да им го вратиме регионот на Србите.

Подоцна беше војната за ослободување на Црна Гора,во која ги ослободивме Црногорците и им ги вративме териториите и сега сме во војна со Италија и засега многу добро ни иде и сме на добар пат да ја освоиме целата нивна територија.Но со тоа нема да добиваме ресурс бонус поради промената а ние да ги поврземе сите територии за да добиваме ресурс бонус е невозможно...од едната страна преку Црна Гора и Србија неможе бидејќи ќе треба да ја завземеме цела Црна Гора и неколку региони од Србија а пак од другата страна ќе треба да ја нападнеме Грција која е реално појака држава од нас и затоа не ни би било паметно да ја нападнеме Грција.Друг начин на кој би ги добиле бонусите е за главен град да прогласиме некој италијански регион а тоа може само ако некој претходно ни го освои нашиот источен регион кој ни е главен град и потоа ако може значи ако може да прогласиме некој италијански регион за главен град...незнам дали може некој освоен регион да ни биде главен град а пак тогаш ресурсите од македонските региони нема да ни важат.Во таа ситуација ние ќе напаѓаме во Средна Европа и ќе освоиме други региони со нови ресурси.

Исто така Македонија како што знаеме е во NWO алијансата...алијанса која одма по нејзиното формирање почна да бележи големи успеси.Во моментов во NWО покрај нас членуваат и Турција,Индонезија,Иран,Полска,Србија,Унгарија,Шпанија и Словенија.


Македонија има ГОЛЕМА иднина во оваа игра и реално за некое време може да биде и светска сила која ќе влијае на многу работи во еСветот.И така конечно на крајот и да се оствари сонот на сите Македонци..да се вратат териториите од Грција и целосно да ја окупираме Грција...причината заради која многу од нас ја играат играва.


И за крај...
Vote & Subscribe 🙂