ПОДОБРА МАКЕДОНИЈА ВО 4 ЧЕКОРИ [MakalNo1]

Day 1,347, 15:37 Published in Egypt North Macedonia by MakalNo1

И покрај тоа што има издадено голем број на статии за тоа што би требало да правиме во иднина, мислам дека ми дојде и мене редот за да се произнесам за тоа во кој правец треба да се насочи нашиот ни иден претседател. Но прво да се осврнеме на нашиот сегашен претседател.

Аминта според мое мислење и покрај тоа што постојано се соочуваше со сопки од сите страни добро си го истера својот мандат. Една од најголемите промени кои тој ги воведе секако беше промената во начинот на распределба на дневниот рефунд кој го добиваат воените единици, паравоените единици и цивилите.
Тој исто така даде целосен отчет за потрошените пари во Јуни месец.


Е сега да се вратиме на главната тема на статијава: мое гледање за тоа каде треба да продолжи еМакедонија.


Моментално сме во ваква ситуација:





Чекор 1:



Окупирање на регионот Таbuk од Саудиска Арабија со што би го добиле ресурсот Алуминиум.

5/10 ресурси



Чекор 2:



Окупирање на регионот Ha'il исто така од Саудиска Арабија со што го добиваме и житото како ресурс и бонус при производството на храна.

6/10 ресурси



Чекор 3:



Преку регионот Sinai кој има овошје (кое веќе го имаме) да се поврземе со Кипар од каде преку Southern Cyprus ќе си обезбедиме риба

7/10 ресурси



Чекор 4:

верзија 1




Во дипломатски договор со Иран да го превземеме Beersheba South District со што доаѓаме и до Saltpeter. Тоа не би требало да биде некој голем проблем затоа што иранците немаат никакви бонуси и користи од држењето на Израел под окупација затоа што сите ресурси кои ги има во овие региони тие веќе ги поседуваат во своите оригинални територии.

верзија 2



Доколку сакаме да избегнеме уште едно востание во Израел (што секако би било пожелно), преку Аl Qasim и Al Riyadh стигнуваме до Najran кој исто така е регион со Saltpeter.

И верзија 1 и верзија 2 даваат ист резултат:

8/10 ресурси



Епа тоа би било се народе одмене, со 4 чекори можеме да дојдеме до дупло поголемо производство што секако би допринело за поевтини производи или поголеми плати.

Секој кој што сака слободно нека даде коментар за мојот предлог

Останете ми со 100ка здравје и бидете умни

Ваш
МаkalNo1