[Аминта] ЗА РЕФУНДОТ! [2 ДЕЛ - АЈДЕ ДА СЕ ДОКУСУРИМЕ]

Day 1,343, 12:00 Published in North Macedonia North Macedonia by Aminta Makedonecot


музичка подлога....http://youtu.be/SY-lquSJl_g

Здраво Македонци,

посебен поздрав до малкуте мои "фанови" кои и денеска не ме заборавија и ме “благословија“ со по уште по некоја сочна ПП... арилија! ...за арно само нека е! уште 4-5 дена ќе ме истрпите вие мене и јас вас... после ќе биде полесно и за мене и за вас.


Мало интро за состојбата во Македонија општо:
-Како што споманв во претходниот пост - Македонија е во тешки денови и секојдневни 4-5 па дури и по 6-7 постојани битки а се помал и помал број на активни играчи (лето е).
-Нашите сограѓани (со должна почит спрема исклучоците) одбиваат да се исселат од Повардарие и очигледно им паша да си седат со 4 бонус ресурси да тераат инает и да ми враќаат пораки од типот -“што добивам јас од тоа што ќе се преселам?“ /)... затоа цените рипнаа, економјата ни пропага а ако утре останеме на 3 ќе рипнат уште повеќе. Искрено жалам за тоа, што си дробиме тоа ќе си сркаме! сите!
Се надевам после избориве ќе се вразумат некои луѓе и ќе помогнат да се преселиме од пПовардарие во Red Sea Coast.

Да се вратма на темата:
Гледам дека слабо помина мојот претходен пост за рефундот... не падна крв па малце сум разочаран 🙁 ....затоа еве денес мој втор обид да се исколеме за тој рефунд. (иронија, нормално)



Како што спомнав во минатиот пост Македонија има дневен буџет од 100,000 МКД, поточно 99,999 МКД. Од него 80,000 -85,000 МКД беа и остануваат за рефунд на нашите воени единици... е сега прашањето е како да се поделат тие пари и кои се критериумите за влез во Рефунд системот?
Околу овие проклети 80,000 МКД (виртуални пари) се кршат сите копја и Македонците си ги вадат очите еден ан друг.... жално и поразувачки но тоа е реалноста!

Во Македонија имаме 26 воени единици во моментов.
проверете и сами тука - http://www.egov4you.info/groups

Од нив 3 се државни (Волци, Лавови и Тигри) и привилигирани во висината на рефундот само ради еден факт и момент - Имаат кај своите членови/лидери фирми кои се со државни пари купени.... овој момент некои поединци, да не ги именувам поединечно ќе сис е пронајдат самите, го злоупотебуваат и ја уценуваат државата за рефундот во име на цела единица. Секако овие три државни војски земаат највисок дел од колачот наречен Рефунд но ефектот од тој рефунд за дел од нив е дискуталбилен како се троши.
Немам никаков проблем висината на нивниот рефунд и дури би им го зголемил да можам но се поставува едно прашање во врска со нив - Колку од нивните членови пукаат по наредби и за Македонија?
ова прашање го поставувам бидејќи лично бев сведок како припадници на државни војски не само што земаа оружја кои се делеа на странски канали туку и пукаа со нив во туѓи војни додека ние губевме дома... Страшно, лакомо, срамно!
Се ова го документирам со Print Screen и за некој ден ќе го објавам па засегнатите нека се подготват за правдање и изговори - зопшто во време на 5-6 постојани битки во МКД тие пукале за Перу, Иран или Шпанија?
Да не ми се фатат за кусурот злобниците истово важи не само за државните војски туку и за поединци на паравојските. Секако за првите е резилот поголем пошто се државни а нивни членови се борат за туѓи држави.
Заради ова денес сеуште не сум поделил рефунд НИКОМУ - како стои работава ќе треба многу да бидат казнети и да нема кој да се бори за МКД. Жално ама мора некако да се стави ред! 🙁

ЕДНОСТАВНО НЕМАМЕ ДИСЦИПЛИНА ВО МАКЕДОНСКИТЕ ЕДИНИЦИ!




ДО УТРЕ ВОВЕДУВАМ НОВ РЕФУНД СИСТЕМ:

Ова ќе бидат условите за СИТЕ Македонски единици кои сакаат да бидат во рефунд системот и да добијат дел од колачот од 80,000 МКД секој ден:

1. МОРА да имаат МУ на играва со минимум 20 активни члена и да си направат група на сајтов http://www.egov4you.info/groups од каде ќе можам да имам увид за нивниот дневен учинок, сила и активни членови.

2. МОРА редовно да се присутни сите нивни активни членови на армиски канал на чат и да следат наредби! Значи секое влагање на чат на секој нивни член обавезно да им биде на армиски канал со тагот на нивната единица пред името и да следат наредби за мавање.

3.МОРА да имаат основна инфраструктура во фирми... барем Q3 леб и Q3 тенкови (минимум)

4.Мора дневната штета да им биде најмалку над 2 милиони штета на ден според овој сајт http://www.egov4you.info/groups
...знам дека е лето и многу Македонци се неактивни па на сите единици им е падната штетата ове два месеца, затоа можно е да бидам по флексибилен во овој дел.

5.МОРА да водат сметка за дисциплината на своите членови. Ако не си ги санкционираат самите или исклучат своите неодговорни членови кои им штетат на Македонските интереси целата единица ќе биде канзета со рефунд а нивиот дел ќе се прераспредели на останатите единици и на цивилите.

Рефунд ќе делам на сите Македонски единици кои ќе ги задоволуваат овие критериуми и кои за изминатиот ден биле активни, присутни на армиски канал, следеле наредби и не се казнети, а висината на рефундот ќе се дели според нивниот учинок, активност и ангажираност во борбите во Македонија.
За оваа цел секој ден со поделбата почнувајќи од утре ќе објавувам ДНЕВЕН БИЛТЕН каде ќе биде означено кој единица колкав дел добила од колачот од 80,000 МКД, образложение зошто толкав рефунд и ќе ги објавувам казните за неодговорните единици и поединци.

Во поглед на дисциплината... повеќе од јасно е деке не можам да изиграбам џандар и да ги следам и бркам сите припадници на војските кој каде пука и дали следи наредби па затоа воведувам уште една новина:

НАГРАДА ВО ТЕНКОВИ (5-10) за секој цивил, или војник кој ќе ми прати во ПП Print Screen од битки надвор од Македонија каде се гледа како припадници на единица која добива рефунд од Македонија пука за други земји додека ние губиме битки дома. Ова посебно ќе важи за државните единици Лавови, Волци и Тигри... за Print Screen (скалп) на некој од нив ќе давам дупло повеќе тенкови како награда на тој што ќе ми пријави.
НАПОМЕНА... на print Screen-от МОРА да се гледа битката каде пука, да е читливо името на војикот и да се гледа најгоре десно (во ќошот) времето, датумот и денот на играва кога Print Screen- от е направен.

На овој начин ќе може да се увиди ако некој пука спротивно на наредбите од државата или си прави кејф со државни пари и изиграва странски платеник додека сите останати се цедиме до последен хелт за Македонија.

Исто така луѓето од МОД тимот ќе ми пријавуваат чиви членови недостигаат на армиски канал да следат наредби секој дневно.
Тука да напоменувам дека потребна ни е помош од доброволци од сите војски да бидат на МОД каналот и да помагаат кога еден од луѓето кои даваат наредби се гаси тие да превемаат работа. се со цел постојано да има некој кој ќе дава наедби а не цел товар да паѓа на 2-3ца а останатите да дремат како фукуси во саксија на канал и да не мрдаат со прст.

Во поглед на казните...
Ако имам веродостојни и јасни докази за неодговорноста на некој член или на цела единица кои пукаат надвор од наредбите и надвор од Македонија ќе им биде скратен рефунд за тој ден со жолт картон за поединецот или групата.
Ако истиот поединец или група повторно го повтори однесувањето целата единица ќе биде казнета за рефунд се додека не ги отстрани од своите редови неодговорните поединци, групи (црвен картон).

Со овие измени патриотите, пожртвуваните за Македонија и оние кои ќе пријават недисциплина ќе бидат наградени а забушантите ќе бидат казнети со што се надевам ќе се стави некој ред во целиов башибозук!

Жално е што со вакви мерки морам да го разбудам Патриотизмот, одговорноста и пожртвуваноста кај поедници за Македонија наместо тоа да им доаѓа само пос ебе -природно, но друг избор немам.

Измениве почнуваат од утре.

ИЛИ ЌЕ СЕ ОДНЕСУВАМЕ ОДГОВОРНО И ЌЕ СЕ БОРИМЕ СИТЕ ЗА МАКЕДОНИЈА ИЛИ ЌЕ СИ ГИ ИЗВАДИМЕ ОЧИТЕ (НЕ)ГЛЕДАЈЌИ СЕКОЈ ДЕН КАКО НЕПРИЈАТЕЛОТ НИ ЈА ГРИЦКА ПО МАЛЦЕ НАШАТА ДРЖАВА!

ве оставам стиховиве, а вие ставете прст на чело и помислете убаво што правите http://youtu.be/zCPQLW5BOe8

ИЗБОРОТ Е ВАШ!

HAUG!
4 more days in office and counting....

[Аминта] ЗА РЕФУНДОТ! [2 ДЕЛ - АЈДЕ ДА СЕ ДОКУСУРИМЕ]
http://www.erepublik.com/en/article/-2-1-1829143/1/20