Претседателско обраќање бр.4 [BucephalusIII]

Day 1,912, 11:04 Published in North Macedonia North Macedonia by Narodna Banka na Makedonija


Поздрав до вас најсакани мои!

Случувањата и плановите за во иднина и од пред неколку дена ќе ви ги опишам во два дела.

Политиката на еМакедонија

Сите знаеме и сме свесни на тоа што сојузниците од двете алијанси ни помагаа овие денови и не имаа за CotD(Campaign of the Day) неколку дена во поголемиот дел од денот, а најмногу тогаш кога најмногу ни беше потребно а тие алијанси се: CoT - Circle of Trust(Kругот на Довербата) каде ние сме официјални членови и TWO - Тhe World is Ours(Светот е Наш).
Сето ова се должи на активната соработка и меѓусебната координација и нормално тактизирање на воен план помеѓу мене, мојот тим и останатите влади на сојузниците од истите алијанси.
Во моментов се водат разговори со сите земји кои според нас би застанале на патот до мојата цел која ви ја изразив во мојата кандидатура на ден пред изборите. Целта ни е да не лутаме и да не се впуштаме на дополнителен ризик од видот на заострување на односите и доаѓање до некаков огромен револт на спротивната страна што подоцна ќе ни се рефлектира во моментот кога ни треба мир за онаму каде ќе се утврдиме.



Воената стратегија на еМакедонија

Пред да почнам да елаборирам што и како се случување во овие два три дена ќе ве замолам да го погледнете ВИДЕОВО кое најдобро ќе го отслика сето она што успеавме да го сработиме со мојот тим. Мој совет за поубаво уживање е да ги замените улогите во истото видео 🙂

Во моментов додека ја пишувам статијава имаме едно востание во Eastern Anatolia КОЕ МОРА ДА ГО ПУШТИМЕ со цел да се одсечеме во случај да не се атакува од Турска страна на нас.

Целта на нашата кампања е јасна после сите проблеми кои ни ги дадоа Иранците во нашиот обид да се помине покрај нив преку западниот брег. Затоа бев приморан да склопам договор со нашиот нов искрен сојузник Русија која и онака имаше многу непријателски односи со Иран давајќи им претходно ултиматум.
Значи Иран односно Вавилон 🙂 сум решен да биде окупиран. А во меѓувреме да си ја запазиме рутата на нашето движење а тоа е ОАЕ(Дубаи)!

За оваа цел да се постигне потребно е да ги следите будно активностите и инструкциите од вашите командири во сите единици поединечно. Имаме групна порака каде сите командири се во неа.

ВОЈУВАЈТЕ ПАМЕТНО И МАВАЈТЕ ОНАМУ КАДЕ Е ПОТРЕБНО!!



Одиме понатаму...СЛЕДЕТЕ МЕ!!!


За почетници

Од Министерството за Образование излезе СТАТИЈА која би ви било од голема корист да се прочита и да ги следите инструкциите и информациите од истата.




Претседател на еМакедонија
BucephalusIII