Изгледот на почетна страница.[МзО]

Day 1,912, 10:58 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Obrazovanie


Здраво Македонци, како новоназначен министер за образование веднаш ќе почнам со пишување туторијали и за кратко време ќе се обидам да го средам весникот.
Во првата статија ќе ви објаснам како изгледа почетната страница.


Ова е почетната страница на еРепублика.

Овде ќе ви ги објаснам основните работи. Кое каде се наоѓа и за што служи во играта.



1. Информации - тука се наоѓа фејзбук страната на еРепублика, кој ден е од како постои новиот свет, датум и време моментално во новиот свет, делот за пребарување на државјани и копчето за одјава.

2. Навигација – ова е менито на еРепублика, тука можете да ги најдете вашите места, војните, пазарот, заеднициците и додатоците со кои плато ќе ги испразни вашите кредитни картички.

3. Моментални промоции – промоциите кои се дадени од Плато и се моментално достапни ќе ви бидат објавени овде.

4. Општите информации за вас – тука се наоѓа вашиот аватар, државата во која живеете, вашата моментална сила, состојбата на вашата сметка, мисиите кои ги немате завршено, пораките и нотификациите.

5. Дневна наредба – тоа е наредба која ја дава вашата воена единица (за извршена дневна наредба добивате 5 парчиња за склопување на базука и 1 чоколадо).

6. Воена кампања – воената кампања ја одбира претседателот (таа е најважна моментална битка за еМакедонија и нашите сојузници).

7. Најважни вести – сите вести кои се објавени во весниците на граѓаните и организациите можете да ги најдете овде.

8. Објави – вашите објави, објавите на вашите пријатели, вашата воена единица и политичка партија можете да ги прочитате овде.


Мислам дека јасно објаснив, но доколку нешто не е јасно тука сум слободно прашајте ме.



Министер за Образование
Mihail0vskii93