Следните 3 дена [SaveAss]

Day 1,824, 07:15 Published in North Macedonia North Macedonia by SaveAss
Почитувани,

веројатно знаете дека милувам да седам во позадина и да ги разгледувам работите од друг агол. Воопшто не ми е жал што не сум член на советот, на владата или слично, но секогаш сум имал свое мислење и тоа сум го кажувал (во овој случај пишувал).

Најверојатно најконтроверзни статии беа тие што налагаа 10/10 во еМакедонија, некои други идеи, како и економски модул кој најмногу ќе одговара. Веројатно првиот што гласно кажа дека моделот за рефунд треба да се менува и низа други прашања на кои се осврнав во минатото.

После сите тие работи за кои бев во право или не (сами прочитајте и проверете) сепак останува нешто недокажано.

Најпрво – моментално сме во војна за која знаевме дека треба ресурси, најмногу тенкови, кои не ги имавме на залиха него рефлексно ги набавуваме.Исто така рефундите не беа целосно исплатени, а со плати од 20 мкд можам да кажам дека за 3-4 дена D1, D2 и D3 ќе изгубат здив (да не речете дека не сте знаеле). Како министер по економија и финансии пробав да влијаам да се воведат нови стандарди, ама после мене се си дојде на старо.

Планирањето на трошоците е многу важен аспект во која било војна.

Друга работа, многу често велев дека конгресот е многу важен, но повторно имаме пропусти во бирањето на кандидатите. Конгресот не е медала!

Останува политиката, стратегијата вели дека Србија е секогаш тука, ама никогаш не е присутна и по незнам кој пат повторно имаме проблем, каде целта е едноставо – подолго да ја држат Апулија., тргувајќи со териториите на Црна Гора. Ако некој мисли дека случајно е избрана Црна Гора за НЕ, се лаже.

Друга работа, војната со Грција секогаш без изклучок влијае на односот на Валутата со Златото, нормално негатвино, затоа мој совет е си ги набавите потребните количини на злато пред војните. Во случај на тенкања од друга страна исто така не е исклучено и обратен ефект кога тенковите купуваат тенкови со златото. Сега за сега тоа нема да биде случај.

Лично за мене, најголема грешка беше референдумот за Апулија, кој потоа излезе дека е некако чудно изброен и за кој гласав со НЕ, нормално.

Совет до сите, ако не можете да мавате со оружје, сепак можете да правите штета со леб. Лебот е ефтин, а штетата не е толку занемарлива, секако трошиме и ресурси на непријателот кои имаат конечна вредност, но истото е и со нашите.



На крај, ако сум јас Грк, следно ќе нападнам во Повардарие и ќе ја ослободам Јужна Албанија преку востание. Ефектот е бришење за 3 дена, со веројатност од 85% при овие услови. Тие 15% се однесуваат на D4 каде никогаш не се знае што ќе се случи.

Останете ми со здравје.
SaveAss