Ambient on/off

Sign up

 

Continue

Continue By creating an account you agree to the Terms of Service & Privacy Policy
Resend email   |  Can't find the email? confirmation@erepublik.com

Resend the confirmation email to this address

Resend email Can't find the email? confirmation@erepublik.com

Следните 3 дена [SaveAss]

Day 1,824, 07:15 by SaveAss
Почитувани,

веројатно знаете дека милувам да седам во позадина и да ги разгледувам работите од друг агол. Воопшто не ми е жал што не сум член на советот, на владата или слично, но секогаш сум имал свое мислење и тоа сум го кажувал (во овој случај пишувал).

Најверојатно најконтроверзни статии беа тие што налагаа 10/10 во еМакедонија, некои други идеи, како и економски модул кој најмногу ќе одговара. Веројатно првиот што гласно кажа дека моделот за рефунд треба да се менува и низа други прашања на кои се осврнав во минатото.

После сите тие работи за кои бев во право или не (сами прочитајте и проверете) сепак останува нешто недокажано.

Најпрво – моментално сме во војна за која знаевме дека треба ресурси, најмногу тенкови, кои не ги имавме на залиха него рефлексно ги набавуваме.Исто така рефундите не беа целосно исплатени, а со плати од 20 мкд можам да кажам дека за 3-4 дена D1, D2 и D3 ќе изгубат здив (да не речете дека не сте знаеле). Како министер по економија и финансии пробав да влијаам да се воведат нови стандарди, ама после мене се си дојде на старо.

Планирањето на трошоците е многу важен аспект во која било војна.

Друга работа, многу често велев дека конгресот е многу важен, но повторно имаме пропусти во бирањето на кандидатите. Конгресот не е медала!

Останува политиката, стратегијата вели дека Србија е секогаш тука, ама никогаш не е присутна и по незнам кој пат повторно имаме проблем, каде целта е едноставо – подолго да ја држат Апулија., тргувајќи со териториите на Црна Гора. Ако некој мисли дека случајно е избрана Црна Гора за НЕ, се лаже.

Друга работа, војната со Грција секогаш без изклучок влијае на односот на Валутата со Златото, нормално негатвино, затоа мој совет е си ги набавите потребните количини на злато пред војните. Во случај на тенкања од друга страна исто така не е исклучено и обратен ефект кога тенковите купуваат тенкови со златото. Сега за сега тоа нема да биде случај.

Лично за мене, најголема грешка беше референдумот за Апулија, кој потоа излезе дека е некако чудно изброен и за кој гласав со НЕ, нормално.

Совет до сите, ако не можете да мавате со оружје, сепак можете да правите штета со леб. Лебот е ефтин, а штетата не е толку занемарлива, секако трошиме и ресурси на непријателот кои имаат конечна вредност, но истото е и со нашите.



На крај, ако сум јас Грк, следно ќе нападнам во Повардарие и ќе ја ослободам Јужна Албанија преку востание. Ефектот е бришење за 3 дена, со веројатност од 85% при овие услови. Тие 15% се однесуваат на D4 каде никогаш не се знае што ќе се случи.

Останете ми со здравје.
SaveAss
 

Comments

SaveAss
SaveAss Day 1,824, 07:16

Следните 3 дена [SaveAss]
http://www.erepublik.com/en/article/-3-saveass--2158799/1/20

Stole Lazarov
Stole Lazarov Day 1,824, 07:20

Dobra analiza

o7

e Vladimir
e Vladimir Day 1,824, 07:20

Se slagam deka deka mozda ke go jademe, ama barem ke imame interesna vojna posle mnogu dolgo vreme. Da potraeja uste nekoe vreme mirnodobski uslovi, ke skapevme od dosada... xD

SaveAss
SaveAss Day 1,824, 07:23

Јас не велам да немаме војна, ама ако ние ја планиравме и сега се случува ова испаѓа дека сме инвалиди (си пукаме во нога хаххаах )

Alorkokombi
Alorkokombi Day 1,824, 07:26

jbga PRIORITETI nema takvo nesto vo nasiot recnik

Eddi Purasevic
Eddi Purasevic Day 1,824, 07:36

Sam sebe go ubival bese rabotava so vojnava, ama aj : )

Trazili ste, gledajte

AsT89
AsT89 Day 1,824, 07:54

milo mi e sto od tebe gledam statija o7

SaveAss
SaveAss Day 1,824, 07:56

Тука сум јас
прашање на време е кога ќе ме нафурате доволно да се ангажирам пак како порано хахахахаха. о7

Hitman4e
Hitman4e Day 1,824, 07:58

nisto nemase da ni fali so 7/10 resursi .... so glata vzid manavme..... svesni bevme deka gejcite nemaat teska bitka 2 meseci i deka imat dosta solidna zimnica sobrano a i taka se pokaza taka da sega po dosadno od ovie ping pong vojni so gejcite nema da ima ..... a i njagolemi dobitnici vo seto ova ke bidat siptarite koj lesno ke se oslobodvat ...

Trazili ste, gledajte x1

Ingame54
Ingame54 Day 1,824, 08:05

to e... sega ke mrcat vladata e kirva a samite si baraja vojna so grcija... trebese da se pocekat uste nekoe vreme bez vojna, da se soberi zimnica i tenkovi, a ne odma da napagame i sega ke jadime po kapa ubavo... edinstveno sto moze da ne spasi e da go zemat grcija povardarie i po nekoe cudo srbive da im udrat NE (normalno odkako ke im zavrse vojnata so crna gora) taka 3-1 tesko deka ke izdrzat

Crash and Burn
Crash and Burn Day 1,824, 08:07

SaveAss: Јас не велам да немаме војна, ама ако ние ја планиравме и сега се случува ова испаѓа дека сме инвалиди.

Убаво, но дали во согледувањето и констатацијава е вклучен бојкот на единиците и тенковите на Бугарскиот ЦП, како и изборот на Србија да ја нападне ЦГ среде војна во која 183% помага, наместо тоа да се реши дипломатски? Нормално дека не.

Анализата иако реална е многу еднострана, и како таква има одредени пропусти, но не е страшно.
Кажи кога ќе најдеш време на гости да дојдеш

P R O
P R O Day 1,824, 08:07

Ептен си во право за едно.... златото за ден скокна цели 50%
тоа се очекуваше тоа и се случи... кој купил, купил... кој не купил, ефтино нека не очекува два месеци

KireDimoski
KireDimoski Day 1,824, 08:17

Дечкото има добра стратегија сигурен сум во тоа знае точно што се случува и што треба да преземе дајде еднаш да се обединиме и да преземеме конкретни чекори.

SaveAss
SaveAss Day 1,824, 08:19

Crash and Burn
како што реков политички сум малку изолиран последниве два месеци.
Сепак ако е така како што велиш не сме си пукале во една нога него во две

Искрено после нова година, мислам дека ќе бидам по слободен, до тогаш „куча - посао“.
о7

Pero Nakov BB
Pero Nakov BB Day 1,824, 08:34

Crash, brkaj si ti rabota, ok si teras.

goce.bs
goce.bs Day 1,824, 08:36

edno e od strana da gledas i da kazuvas zaklucoci drugo e da si vo natre i da nosis odluki. Atoa so ke ne brisat i ne e nekoj problem no samo ako ostaneme slozni i da im skineme resursi i na srbite i na polska da naucat deka ne se vrti grb na sojuznici. A toa sto kaza CP to za bugarskite tenkovi e vistina poveke mavaa vo albanija otkolku vcera i imaa statija vo koja go napagaa deka e slab i neiskusen

SaveAss
SaveAss Day 1,824, 08:48

goce.bs

проблемот е што твојата фраза многу често се сретнува во моите статии, ама секогаш се покажувало дека е паушална.

VAse the Great
VAse the Great Day 1,824, 09:04

E arno de, sho sega, ke ne izbrishale...ako ne gi napadnevme nie, tie ke ne napadnea (kaj i da e ). Problemot e shto totalno ne zaebaa Srbite i delumno Bugarite, da se angaziraa i tie malku povekje kako nashi sojuznici, mnogu verojatno ke beshe Grcite da gi istroshat zalihite za 4-5 dena . Posle toa sledi recisi ramnopravna bitka...vo sekoj slucaj, za ocekuvanje beshe nie da imame mnogu povekje sojzunicka pomoshj otkolku Gejcite. Problemot e najveke politicki, a pomalku voeno-takticki .

goce.bs
goce.bs Day 1,824, 09:12

SaveAss ne rekov deka analizata ti e pogresna i jas cesto ne se soglasuvam so odlukite sto se nosat no veruvam deka ni malku ne im e lesno na tie koj gi nosat

SaveAss
SaveAss Day 1,824, 09:18

Хмм како војна може да не биде воено-тактички проблем, него политички?
Очигледно ги мешаме дефинициите на политика, војна и тактика.

http://en.wikipedia.org/wiki/Politics

Јас кажувам што ќе се случи за 3 дена, за да нема после некој да каже дека „снегот оваа година не изненади“ ако се разбираме.
Ако знаеме што се проблемите, добро е да се најде решение.
Ме чуди само како толку спремни лидери се сопнуваат на „школски финти“, зашто вака напишано на сите им изгледа дека е смешно.

Kliton C.T
Kliton C.T Day 1,824, 09:20

Vo mojot mandat do vojuvavme so Francija,Amerika i indirektno so Polska i Gejcija... Vo Sajrus mandatot cel EDEN tenkase ne mozevme glava da kreneme i sega slusam prikazni barem interesno ke ni bide odamna ne sme imale vojna.... Pa samo lugje so pot-prosecna inteligencija mozat da kazat deka ni treba vojna vo ova vreme koga slabi sme ekonomski i nemame zimnici povekje od pola narod radi tenkanjeto poslednite meseci...

Kliton C.T
Kliton C.T Day 1,824, 09:23

Stavete prstot na glava, podobro da se soberat pari vo banka zosto deneska nikoj veke ne puka bez pari.. najgolemite patrioti baraat tenkovi za pukanje.... Tuka sme so godini i nikoj ne ne brka od igrava ne e hitno bas mesecov da imame vojna....

PS: Koj ja spomne Bankata vo moe vreme da mu ja lize miskata na seljak od pripor

igor.decko.1970
igor.decko.1970 Day 1,824, 09:28

izvini ama teoreticari i kriticari kolku sakas ama resenie nikoj ne nudi znaci kako i sekade posilniot pobeduva vo prevod ( pobogatiot poorganiziraniot i najbitno ponesebicniot) garantiram deka kaj 80% emakedoncite zimnicata ostana negibnata a kaj ovie pederive preku 50% ja potrosija istata
pozdrav

SaveAss
SaveAss Day 1,824, 09:29

Банкар - не се нервирај, добро е што има циклуси, така се филтрира доброто од лошото политичко ткиво.

Самостојно играч под левел 30-32 не може да издржи војна повеќе од 3 дена, тоа е онаа што е најважно во моментот да се има во предвид.
Остантото ќе си дојде.

Nick Slaughter MK
Nick Slaughter MK Day 1,824, 09:31

+1 ivan.aka.friday

@Vase the Great, ne si vo pravo. Nikako ne bese za ocekuvanje nie da imame poveke pomos deka samo Indonezija i Chile klavaat raka v ogan za nas. Chile imaat i svoi vojni. Bugarite so da prat poveke? Srbite ja zaebaa skros rabotata, a za Grcite tenkaat site, od Hrcati i Romanci do Turci Ameri i Kinezi pa i Argentinci. Isto, Gejcite so meseci se polnea so zimnica, nie vlegovme skoro celosno istroseni vo vojna. Ne znam na koj genie mu tekna da napagame bas sega...

Goceski
Goceski Day 1,824, 09:32

Problem e koordinacijata, so Bugarija i so sojuznicite vo slucajov. Vcera bese jasno deka strateski go okrkavme. Gejcite zemaa par rundi kaj nas i celosno se posvetija na Bugarija, znaejci deka nema da zavrsi vojnata so nas predvreme. Otkako gi resija Bugarite, ne sotrea i nas.
Trebase na dvata fronta koordinirano, istovremeno...

ilijades
ilijades Day 1,824, 11:18

o7

akmak
akmak Day 1,824, 15:01

994 sub 101 vote ne znam sto da kazam no bpjnite polinja si go kazuvaat svoeto ima nekoi ne dorazbiranja so sojuznicite pa neli mavavme i za usa protiv polska kade se sega tie a i drugi primeri,strategijata ni e 0+(pozitivna nula) nekako i so delenjeto oruzje odi slabo, no ima i needinstvo kaj pojakite so sila gragani

McFresh
McFresh Day 1,824, 15:24

postoi i vestacka nepredvidliva inflacija narecena PLATO

MADALEX
MADALEX Day 1,825, 00:17

Vo vakva vojna tajmingot e SE!!!
Sansata koordinirano da napadneme ja propustivme.
No vo momentov Gejcite trosat 4-5 pati poveke pari otkolku sto zarabotuvaat delejki tenkovi i plakjaki za trosenje na zimnicata. A i Rumuive oti nemaat vojna epten im pomagaat!
No ne se sekirajte so ova tempo poveke od nedela dena ne mozat da izdrzat.
Ednas moravme da im ja istrosime zimnicata i parite sto gi socuvaa na strana!

VAse the Great
VAse the Great Day 1,825, 13:39

@SaveAss
"Хмм како војна може да не биде воено-тактички проблем, него политички? "

Ме мрзи да читам дефиниции, но добивањето на една војна покрај од тоа како ќе се организираш воено и тактички зависи и од тоа колкава поддршка имаш од сојузниците .За да обезбедиш помош и воопшто за да стекнеш сојузник, потребен ти е политички маневар. Нам ни треба (требаше) дипломатска акција за да ги втурнеме и Србите во оваа војна, но наместо тоа, Грците издејствуваа нивна неутралност. Што не е јасно овде ?

Danilo GV junior
Danilo GV junior Day 1,825, 14:28

Јасно е дека србите не изиграа и дека не може да им се верува
Наша грешка беше што на 10/10 станавме алчни и ја нападанвме америка. Ние ослабнавме, а сите наши „сојузници“ зајакнаа

Kpakep4e
Kpakep4e Day 1,825, 19:01

ja mislev za vremenskata prognoza si pisal za slednive 3 dena...

 
Post your comment

What is this?

You are reading an article written by a citizen of eRepublik, an immersive multiplayer strategy game based on real life countries. Create your own character and help your country achieve its glory while establishing yourself as a war hero, renowned publisher or finance guru.