Предлог за официјален аватар

Day 1,593, 03:14 Published in North Macedonia North Macedonia by aljupce

Здраво Македонци и Македонки 😃

Последниве денови се врти муабет за тоа дека треба сите да носиме еден унифициран аватар за да бидеме препознатливи на бојното поле...
Мене тоа не ми изгледаше како добра идеја, бидејќи сите припаќаме на различни воени/паравоени единици и не треба да се запостават тие аватари.
Затоа дојдов до идеја да направам рамка (незнам кој друг збор да го употребам x) ) во која ќе биде вметната сликата од единицата.

Еве ја рамката...




А еве и пример како би изгледало со слика од единица ( во примеров е мојата единица).

уште еден пример

Рамката е со црвена боја со вметната текстура која и дава рељефен изглед.
Во долниот десен агол се наоѓа сонцето од Кутлеш кој е симбол на македонската нација.
Исто така во долниот десен агол, горе-лево од сонцето од Кутлеш, се наоѓа и печат од восок во кој со жолт стилизиран текст е испишано "Macedonian Military Unit".
Позадината на печатот е карта од Европа, Азија и Африка (континентите на кои владеел Александар Македонски) и врз картата се наоѓа македонски грб (црвена боја) со жолт лав (симбол на македонската борбеност).

Мислам дека ви се допаѓа идејава и барам било каква сугестија за да го подобрам доколку е потребно...
Исто така барам од надлежните да ја разгледаат варијантава мислам дека заслужува внимание.

~~~шаут~~~
Предлог за официјален аватар
http://www.erepublik.com/en/article/-1-1998221/1/20