ПРЕДЛОГ за еНАЦИОНАЛЕН СИМБОЛ [ S T R ]

Day 1,262, 09:19 Published in North Macedonia North Macedonia by Strumjanin


Поздрав еМакедонецу !


За едно нешто најмногу сум се борел во играва. Тоа е : да бидеме единствени и обединети ! Гледајќи како мирно помина кампањата и како се гласа денеска, со сета скромност, почестен сум силно со тоа што ги обединувам еМакедонците.


Тоа што ниту една соседна еНација не може ниту да го сонува - ние го имаме. Ние го имаме единството и слогата, и вреди да се бориме за тие скапи квалитети. Дај Боже бар една капка да придонесеме со ова кон РЛ единството на македонскиот народ ! Верувам дека може и да е така.


Но единството не се постигнува со муабет или со популизам. Ние го постигнуваме со свесен труд и напори. Не случајно ќе имаме Влада со сите поголеми партии. Не случајно сите воени единици ќе имаат своја смена во раководењето со Армијата. Не случајно сите команданти на единици заедно ќе одлучуваат како да се делат парите. Сепак, единството е моќно како ѕвер, а нежно како цвеќе – мора грижливо да се одржува и гаи. Затоа, Ве молам не бидете брзи да ги навредите со играчите, туку да се однесуваме со почит.


( Извинете за оваа ‘проповед’ ама навистина сум трогнат од денешното гласање и каква слога покажавме. Ви се заблагодарувам и Ви се поклонувам за довербата! )



За да го зајакнеме уште повеќе чувството на припадност кон еМакедонија, ќе си дозволам да предложам еНационален симбол.


Да, сите ние го почитуваме и Лавот, и Сонцето. Тоа се наши неотуѓиви национални симболи. Но за играва би предложил нешто посебно и карактеристично само за еМакедонија, а сепак наше. Го предлагам тој моќен симбол на македонското единство и успех : копјето на фалангата – сарисата.


Фалангата е знак на единство и дисциплина. Густо збиени еден до друг, рамо до рамо, здружени и непоколебливи. Токму копјето, сарисата ја правело фалангата да биде тоа што била.


Затоа, на сите цивили им го предложувам следниот аватар :




ЗОШТО е важно да го носиме заедно овој аватар?


1. За самите нас, ќе ни ја прави играта поинтересна, ќе не храби кога ќе го гледаме аватарот како се нижи во недоглед. Задоволството ќе ни е поголемо 🙂


2. За нашите Сојузници. Таа Црвена Армија за која зборував, сега ќе биде ЦРВЕНАТА ФАЛАНГА. Сите наши сојузници (а и непријатели ) нека не’ препознаваат по неа. Така ќе знаат секогаш кога им помагаме и така се јачат пријателствата во оваа игра – преку бојното поле.


3. Разгледајте го добро аватарот (кој го креираше генијалниот Kaapow). Приметувате дека копјата се свртени кон десно. Замислете го ефектот кој се создава на бојното поле кога ќе удираме сите еден по друг! 🙂 Тоа беше целата замисла – да создадеме ефект на фаланга! Копјата цело време ќе се движат кон десно и ќе делува како да го туркаат ѕидот. Пробајте и ќе видиме сите како изгледа. 😉


Драги мои, еНационален симбол не се создава со сила. Вие ако го прифатите, ако го ставите за аватар, ако Ви се допаѓа пред се' – тогаш ќе ни стане симбол. Во спротивно - нема.

Затоа, Ве молам ако Ви се допаѓа идејава, ставете го аватарот, гласајте и шаутирајте за статијава. Колку повеќе луѓе го носат, толку повидливи ќе сме на бојното поле и во очите на нашите сојузници (и непријатели).


Ако сакаат и единиците, може да им ја дадеме рамката, нека го контактираат директно Kaapow и нека си го усогласат својот аватар со еНационалниот симбол како што би им одговарало.


На крај – уште една огромна благодарност до Kaapow за изработката на аватарот.



EDIT : За еден саат статијава доби над 200 гласа. Многумина веќе го носат аватарот. Речиси сите се согласуваме дека идејата е добра, а на изведбата треба уште да поработиме. Затоа, идејата со копја на десно ќе ја задржиме, и ќе направиме Конкурс за најдобро решение во следниве денови. Со гласање ќе го избереме новиот еНационален аватар. Сепак, Kaapow имаше само два дена и сепак направи одличен аватар. Се радувам бидејќи идејата за копјата и Фалангата е прифатена од мнозинството!

Поздрав,


Струмјанин