Туторијал за Компании и злато

Day 1,432, 13:28 Published in North Macedonia North Macedonia by ace5309

Оваа статија нема да биде како сите други обични туторијали со сликички или нешто слично. Ако првпат се среќавате со компанија и ви треба повеќе помош за да се снајдете проверете ја статијата од Министерство за Образование поточно овие статии :

http://www.erepublik.com/en/article/-1-1774661/1/20
http://www.erepublik.com/en/article/-my-land-1-1770326/1/20

Се објаснати со сликички што ќе ви помогнат подобро да се координирате .
Мојата статија е да им помогнам на новите играчи за златото и компанијата. Односно да направите паметни одлуки за вашиот избор за компании и исто така за паметно користење на златото.

1. Што е Ерепублик?

-Мислам вие знаете што е Ерепублик...штом ја читате веќе статијава значи и дека играте Ерепублик туку повеќе би сакал да ви објаснам што е уствари Free-2-Play MMO . Free-2-Play означува дека не морате да плаќате вистински пари за да ја играте, серверите, админите итн не барат од вас пари за да можете да ја користите оваа услуга, односно да ја играте играта. Но како и секоја free-2-play игра, компанијата во моментов компанијата што раководи со Ерепублик им е сепак потребни финанции за да можат да раководат со играта. Затоа во овој случај е додадено посебна “Валута” односно златото(Gold) кое секој кој сака, може да го купи со вистински пари за да може полесно да се појача во играта.

2. Што е злато (Gold) ?

- Како што реков претходно златото е виртуелна специјална валута која ви овозможува поголем раст за вас и за други специјални понуди и услуги кои во текот на вашето играње ќе ги дознаете. На пример со златото можете да градите компании(за тоа ќе ви објаснам во вториот дел од статијава), да земате поголема сила и да купувате некои специјални работи што можат само да се купат со злато. Злато добивате кога ќе добиете level и кога ќе освоите некој медал.
Затоа ако не планирате да трошите пари за да го купувате , чувајте го златото за понатаму, не го трошите одма . Златото ќе ви биде потребно и покорисно кога ќе бидете поголем level.
Златото брзо се троши, но многу тешко се заработува.

Тоа би било тоа за златото за почеток. Сега би сакал да ви помогнам со паметно раководење на компанија, да ви помогнам за каков вид на компанија да се одлучите да користите и се разбира за паметно...штедење или користење на пари и злато

-Овој дел за компании е од мое лично искуство, но немора да го направите она што точно јас ќе го предложам овде. Се разбира можете да прашате и други играчи за нивни мислења и на крај вие да се одлучите што сакате и што планирате да работите.

Да не должам многу ќе почнеме сега со што е компанија за новите играчи па после ќе зборувам за делот да направите паметен избор.

1. Што е компанија?

- Се надевам го прочитавте официјалниот весник од Министерството за Образование и имате до некаков прилог што е и како се гради компанија.
Компанија е ваша сопственост во која вие работите како манеџер, а исто така можете да вработите други играчи за го зголемите вашиот придонес , нашата валута(мкд-mkd) или ако сакате вашата дневна плата на некој начин 🙂.

2. Кој се условите за да можам да направам компанија?

- За да направите компанија вие треба да бидете 12ти lvl (сега може да има промени и да можете да направите компанија и од 1ви lvl ) треба да имате злато или доволно мкд (за во еМакедонија) и на крај треба да имате барем една Free Land.
Овие се основните 3 услови што се потребни за да направите компанија.

3. Каков вид на компании можете да изградите/направите ?

- Имате избор од 2 вида на компании .Едниот ви овозможува да правите Raw Materials , а вториот ви овозможува да правите продукти односно Food/Храна и Weapons/Оружје кои им се потребни Raw Materials за да направите.
Исто така ви е потребно да имате еден Storage (самата игра ви дава еден storage со капацитет од 1000 работи за да чувате) со тек можете, а и ќе ви треба да имате повеќе Storage.

Прво да почнам со квалитетот. Постои квалитет од 1 до 5 (Q1, Q2,Q3,Q4,Q5) и за да ви биде полесно , а и на мене така ќе ги преставам и компаниите за Raw Materials.

Прво знам дека многу играчи се мислат дали да направат за Raw или одма да преминат за храна или оружје. Ако производувате храна автоматски можете да си се лечите без да трошите пари за храна, или ако производувате оружје можете да пукате без да купувате плус можете да заработувате од нив така што ќе ги продавате. Но и за храна и оружје вам ви е потребно Raw за да го правите финалниот продукт (храна/оружје).
Зависно од квалитетот на компанијата тој ќе бара повеќе или помалку Raw Materials.

Постојат 10 вида на Raw materials така да исто така потојат и 10 вида на Raw materials компании.
-За храна( Q1 Grain, Q2 Fruit, Q3 Fishery, Q4 Cattle Farm, Q5 Hunting Lodge)
- За Оружје(Q1 iron, Q2 Oil, Q3 Aluminium , Q4 Saltpeper, Q5 Rubber)

За повеќе информации можете да проверите на
http://wiki.erepublik.com/index.php/Productivity

Второ да објасниме малку и за бонусот што може да го има една држава .
Моментално еМакедонија има 20% бонус за Оружје и 40% за Храна.

Сега како тоа така ?

Секој регион има свој вид на Raw Materials и ако тој регион е на нашата земја тој ќе биде бонус за нас. Односно за да имаме ние 100% бонус за во храна и оружје треба да имаме региони од сите 10 Raw Materials односно да имамe 10/10 (iron,rubber,Saltpeper,Grain,Fruit,Fish итн). Во линкот исто така е објаснато како влијае бонусот на нашето производство.

Ако сакате да почнете одма со храна и оружје без да имате Raw materials или пак да ги купувате од маркетот, тогаш сте потрошиле пари за џабе. Додека пак имате и Raw Materials и компанија за храна/оружје е тогаш тоа е ОК . Оружјето/храната се продаваат за повеќе од Rawot затоа што цената е 0,33 мкд за raw (default price) . Така да со продавањето на храна или оружје ќе заработувате повеќе мкд.

Додека ако можете само Raw Materials компанија да направите тогаш немојте да користите Q1,Q2 или Q3.Значи немојте да правите такви фирми. Тоа е џабе фрлање на пари. Ниту прават многу raws така да ништо нема да направите со тоа. Q3 компанија за Raw materials е 10 голд, а Q4 е 7500 мкд. Значи сега наместо да потрошите 10 голд за тоа, ќе го продатете тој голд, (1голд=1500мкд) така ќе заработите 15000 мкд и ќе си направите 2 Q4 фирми за Raw. Q1,Q2 и Q3 ќе ви бидат потребни само за да го надоградите Town Center.

Ако имате Q1 или Q2 фирма за оружје/храна немојте да пробувате да барате работници , губите пари само. Q3 фирма за оружје/храна можете да барате работници, но само ако вие имате или правите доволно Raws и за вие да работите и за да може и некој друг.

Додека кај Q4 и Q5 фирми и да купувате raws и да им давате плата на вашите работници вие ќе заработувате (особено со Q5 фирми, Q3 и Q4 се малку на ризик).

Тоа би било во најголем дел се што би ве посоветувал за паметно штедење и користење и на златото и парите.

Само уште ако може по еден vote за да можат повеќе играчи да видат, а и ако може по едно subscribe 🙂

-ace5309