[Министерство за Образование] Моја земја (My land)

Day 1,267, 15:01 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Obrazovanie




Една од промените е воведувањето на таканаречената ''Моја земја'', па затоа во оваа статија нејзината примена ќе биде накратко објаснета.

До неа се доаѓа многу едноставно. Се наоѓа во ''главниот ред'' на еРепублик.




Кога ќе го кликнете MY LAND, ја добивате следнава слика (кај секој корисник сликата е различна):





Дефинирање на броевите од сликата:

1. Овде се наoѓа вашата фирма во која сте вработени. Бројот на ѕвезди го означува нејзиниот квалитет и со кликање на таа слика доаѓате до местото за работење.

2. Овде секогаш се наоѓа местото за тренирање. Тоа секогаш изгледа исто и секогаш е на исто место.

3,4,5. Фирми кои ги поседувате. Ако на тие полиња не ви пишува Build или Buy land на тоа земјиште немате фирма.

6. Место на кое можете да купите земја на која можете подоцна да изградите компанија. Прво, потребно е да ја купите земјата на која може да се направи компанија. Цената на земјата е секогаш 1000 од валута на држава во која се наоѓате. (немора да имате државјанство на таа земја во која се наоѓате за да купите земјиште).

Кога ова го воведоа, администраторите на секој граѓанин дадоа 3 земјишта на кои неможат да се градат компании без обзир на бројот на фирми кои некој ги поседувал. На тие 3 земјишта мора прво да се купи обработлива земја, па дури тогаш да се купи или направи фирма.




Кога купувате земја, таму каде што ви пишувало Buy land сега ќе ви пишува Build (изгради). На сликата подоле е даден пример за тоа дека некој кој има фирма, 3 земјишта на кои може да се градат фирми и 2 слободни земјишта на кои неможе ништо да се гради.



Кога ќе кликнете на Build ќе ја добиете следнава слика:



Дефинирање на броевите од сликата:

1. Покажува во која држава ќе биде изградена вашата фирма кога ќе ја направите. Секогаш ќе се наоѓа во таа држава каде што имате државјанство.

2. Цена на градење на фирмата - 10 златници.

3. Ви покажува кое ниво (level) ви е потребно за да ја изградите фирмата и дали го исполнувате тој услов.

4. Ви покажува дали имате слободни земјишта на кои можете да ја изградите фирмата.

5. Овде бирате која врста на фирма сакате да направите. Моменталните опции се: храна, оружје, жито и железо.

6. Овде го впишувате името на вашата фирма.

7. Овде ја бирате сликата на вашата фирма.



Тоа е се. Се надевам дека ви се допаѓа туторијалов.




Министер за Образование,
МакедонецМКД