Опасноста од Кина. Да размислуваме со ладни глави!

Day 1,384, 07:00 Published in North Macedonia North Macedonia by a.nenad

Во изминатиов период гледам има премногу статии во кои се повикува на бришење на гејците од мапата. Во ред, тоа би било добро согледувајќи ја ситуацијата од РЛ, но колку би ни било тоа исплатливо во моментов?
Колку што знаеме, после потпишувањето на договор за мир на татарите и Турција, балансот на силите на балканот веќе не е во наша полза. Бевме избришани на балканот од татарите, успеавме да се ослободиме само со жртва на Србија, која се најде на војна на три фронта. Одовде, доколку се обидеме да ги бришеме гејците, ќе се најдеме под постојан притисок од бугарија, а имајќи ја предвид јачината на нашите „мили“ соседи, тоа воопшто нема да ни биде лесна задача. Од друга страна, сета таа жртва и вложување на сила, нема многу да ни врати во ресурси.
Како опасност што доаѓа од исток во овој момент ни се јавува и Кина. Доколку Кина успее да ја освои Eastern Province во Арабија од иран, следни на напад сме ние, што дирекно ни ја загрозува позицијата на блискиот исток од каде црпиме ресурси. Од друга страна, во ваков случај ние би се нашле на 3 големи фронта: грција, бугарија, кина + досадните востанија во Египет и Арабија, што не става во незгодна ситуација.
Мој предлог за решение на оваа ситуација е, да ги оставиме проблематичните региони на балканот и на блискиот исток и да тргнеме по стапките на Александар Македонски- ДО ИНДИЈА!
Значи, да се фокусраме целосно на Кина. Да преминеме преку нејзините територии во Иран, да ги освоиме пакистанските територии и да ја освоиме Индија, која колку што знам, не е некоја сила. Со ресурсите кои се во Пакистан и Индија, ние би имале 8/10 ресурси, би немале само елени и нафта. На Иран и Пакистан како сојузници би можеле да им отстапиме територии без загрозување на нашите ресурси: Иран би го добил Балочистан од Пакистан, а Пакистан, како компензација за неговите оригинални територии и некревање на востанија таму, би добил 5 индиски територии: сите покрај западниот брег на индија + Madhya Pradesh.
Заклучок: Добиваме 8 ресурси, релативно лесни за задушување востанија, и само една голема сила против која треба да се бориме- Кина.
А нашите оригинални територии на балканот би ги оставиле за некои подобри времиња да ги ослободиме.