eChina ante portas - одлична можност

Day 1,384, 08:31 Published in North Macedonia North Macedonia by Plainswalker

Здраво на сите,

не знам дали се сеќавате кога ги ослободувавме еЦрногорците од еИталијаните? И тогаш беше многу слична ситуацијата и многу се плашеа дека ќе бидеме поразени. Всушност стануваше збор за тактички одлично изиграна партија од наша страна со која во очите на еЦрногорците бевме ослободители и станавме многу добри пријатели, а добивме земја со фантастичен потенцијал во тоа време - еИталија.

Овој пат за жал го нема Strumjanin на власт, а не верувам дека некој од сегашните би читал пораки, па ајде јавно 🙂

еКина е многу посилна од еИталија, ама и еМакедонија е многу посилна од еМакедонија кога ја напаѓавме еИталија. Би рекол дека сега сме исто толку посилни од еКинезите колку што бевме тогаш од еИталијаните. Планот е идентичен, очигледно дека функционира 🙂

Ни се дава одлична шанса да ги подобриме односите со еИранците, да ги спасиме од еКинезите исто како што ги спасивме еЦрногорците тогаш. Не е мала работа да се има одличен пријател кога се дели граница.

Не знам како до сега нема статија од Makedonija Do Indija, ова е најдобрата шанса да стигнеме до еИндија што некогаш сме ја имале...

Освен што ќе биде ултра интересен поход, економски е исто толку исплатлив. Ако земеме дека крајната дестинација е еИндија, таму не чекаат следниве суровини:

риба крава железо дробен камен гума

Соседен еПакистан тоа го дополнува со:

жито овошје алуминиум

Релативно лесно, преку една територија на еТајланд до еМалезија или со изнајмување на регион од еИран се добива и:

нафта


Во таква една констелација би ги имале следниве бонуси:

80% на храна:

100% на оружје:

Последниот ресурс е троа далеку, па тешко да се добие:

елен

Окупираните земји се лесни за одржување, исто како и сегашните, со таа разлика што сме далеку од балканот. Од едната страна би биле заштитени со еИран од другата со еИндонезија и би можеле да се договориме за тренинг војна со еКина.

Штета што еГрциве се толку бавни, а само 6 дена поминаа откако ги изгласавме за природен непријател. За среќа и еКинезите имаат 6 дена откако ги прогласиле еИран, па ќе биде интересно кој ќе биде побрз и ќе ја превземе иницијативата. Се надевам ние 🙂

Затоа не се плашете од тоа што доаѓа, можеме ние 😉

Plainswalker