Каков е овој "СОЈУЗНИК"...

Day 1,366, 17:35 Published in North Macedonia Serbia by TheOldMan67

Некаде длабоко во ноќта... Волците во живо го следат второто полувреме од натпреварот Барса - Реал и каналот е на точка на вриење. Навивање, пцуење, меѓусебни дофрлања, заебанции... На крај Барса победи што победи, некои среќни, а половина и повеќе си ги свиткавме опашките. Бевме збеснати, бидејќи немаше некоја сериозна битка во Македонија за да го истуриме гневот на гејците или утките. Викам СТОП! Ајде мала пауза, испијте некое пивце, кафенце, дијазепамче, па после да видиме на кој сојузник му треба нашата помош...

После паузата, малку оладени, се враќаме на канал, арно ама пак мир да се немало од овие Каталонциве. Пак се закачаат, провоцираат, арно ама од спротивниот табор штама. Не им вративме ни збор. Видоа, не видоа, престана муабетот за фудбал и сите се фативме за работа - да најдеме сојузник и да му помогнеме во битката. Бидејќи гледавме Шпански фудбал, одлуката беше да се помогне на нашиот верен сојузник Шпанија во битката против Америка која во тој момент имаше предност од две битки. Се наоружавме до заби со тенкови и базуки и на почетокот на третата битка удривме со цела сила:


десен клик: зголеми

После ударот, договорот беше сите да влеземе на нивниот официјален канал и да ги поздравиме сојузниците со поздравот:

Hail Macedonia! Hail Macedonian Wolves!

На големо изненадување, наместо благодарност, Шпанците по кратка постапка почнаа сите да не банираат од нивниот канал, кажувајќи навредливи зборови.


десен клик: зголеми

Опростено им е ако се навивачи на Реал. Меѓутоа, за жал, вакви сојузници не ни требаат воопшто...