ОВА Е ИГРА!

Day 1,322, 09:23 Published in North Macedonia North Macedonia by pesticid

Деновиве повторно на мета беше МнМ преку објавувањето на кандидатурата за претседател на еМакедонија. Критиките во главно одеа на сметка на кандидатот Бранислав1995
Затоа сакам сите овде да ги потсетам дека ерепублика е само игра која случајно ја играат и +30, а сепак знаеме дека игрите се претежно за деца. Според моето рл искуство научив една работа дека годините не се синоним за зрелост и мудрост, барем не секогаш, и кога некои играчи овде се повикуваат на годините со цел да омаловажат го забораваат најважното - ова е ИГРА и секој има право да добие шанса да се покаже па дури и да згреши затоа што ова е ИГРА ништо не може да се изгуби а грешките можат да се поправат. Ова е ИГРА и не треба ништо да се зема при срце освен РЛ навредите, за кои сметам дека не треба да ги има ама се провејуваат дури и кај нашите сојузници.

Ова е ИГРА и никој нема право на нејзин монопол ниту само една партија ниту само една воена единица. Ова е ИГРА, и крајно време е некои "авторитети" (на кои никогаш не сум подпаднал уште од почетокот на оваа ИГРА) да престанат да ги хушкат помалите и послаби играчи кои како кучиња после лаат и сработуваат за нив. Токму тие играчи мене ми наликуваат на незрели деца и си играат виртуелни масони.Еден таков играч кој очигледно подлежи на авторитети е Ice The Great кој денеска ме "подучуваше" дека министер за надворешни работи значи да си ја виткаш кичмата пред сојузниците и додека те плукаат сојузниците ти да трчиш и да им помагаш за да докажеш дека грешат и дека си им потребен во сојузот. Па зарем не нивното министерсво е тоа кое треба сопствените играчи да ги подучува што им е приоритет во играта? Истиот играч во својата статија Македонија Избира! страхува за иднината на еМакедонија бидејки нели е он возрасен зрел па се плаши од нешто виртуелно. Ова е ИГРА бе Ице ако си зрел треба да знаеш дека ништо не губиш од што толку се потресе? А додека беше во партијата се дружеше ама беше нечиј полтрон, според твоите коментари гледам дека тоа и си остана. Јас барем имам свој став и не се срамам да го кажам и по цена да не им се допаѓа на твоите мецени во сенка, чии ставови, како гласноговорник ти ги изнесуваш во статии или коментари. Жално! И ти после во една обична ИГРА, оти тоа е ИГРА, најде јавно да ги изнесуваш "своите" стравови.

На сите играчи кои не се извалкани или не се подлегнати под нечиј авторитет па дури и до тие што се сакам да порачам:

1. ОВА Е ИГРА!
2. ПРЕСТАНЕТЕ ДА ПЛУКАТЕ!(ОВА Е ИГРА)
3. НЕ ДОЗВОЛУВАЈТЕ НЕКОЈ ДА ВЕ С'СКА(ОВА Е ИГРА)
4. СИТЕ ЗАСЛУЖУВАТЕ ШАНСА (ОВА Е ИГРА)
5. БИДЕТЕ СЛОЖНИ, НО НЕ СЕБИЧНИ И МАЛОДУШНИ(ОВА Е ИГРА)
6. КОГА ЗА ДРУГ ДАВАТЕ ДИСКРЕДИТИРАЧКИ КВАЛИФИКАЦИИ РАЗМИСЛЕТЕ ДАЛИ НЕ ГИ ПОСЕДУВАТЕ САМИТЕ(ОВА Е ЖАЛНО АМА ВИСТИНИТО)

И повторно за оние на кои тоа не им е јасно ОВА Е САМО ИГРА, играјте и не давајте предвремени примедби, заклучоци и навреди затоа што некој друг така ви шепнал.

Ова е ИГРА. Престанете со драми колку и да сте возрасни станувате помали од десет годишни деца.