Кандидат за конгресмен!

Day 1,305, 11:57 Published in North Macedonia Serbia by North Tiger


Почитувани еМакедонци

Со следниот текст сакам да ви ја претставам мојата кандидатура за конгресмен во Македонската колонија Џизан од страна на најголемата партија во еСветот, Обединета еМакедонија.

Кој сум јас?
Играва ја започнав на 27-ми Февруари, 2011 година како еБебе во регионот Источна Македонија! еРоден со желба пред се да и се помага на татковината во прославувањето на нејзиното свето име, макар и виртуелно. И искрено не ми требаше многу време за да и јас, како вас, се заразам со оваа игра.
Во реалниот живот сум 20 годишен студент во Скопје, кој поради претстојното слободно време преку лето реши да се кандидатира за конгресмен а со тоа директно да им помагам на играчите и на еМакедонија преку изгласување на закони во нивна корист.

Зa што ќе се залагам?

Јас ќе се залагам за еМакедонија преку добро осмислени закони за даноци, претходно добро дискутирани со останатите конгресмени, предлози за стратегија кон Министрите, „пеглање“ на оние кои што аплицираат за државјанство, совети и финансиска помош на еБебињата, залагање за рефунд од државата за воените единици кои го заслужиле, организација на цивилите и др.

Сево ова го нудам од мене кон државата во колонијата Џизан. Ако сакате еМакедонија уште повеќе да напредува... гласајте мудро, затоа имате само еден глас а конгресмени - многу. Кој од нив ќе го заслужи вашиот глас, одлучувате вие.


Македонија на Македонците
Tiger Macedonia, кандидат за конгресмен во Џизан од Обединета Македонија