НОВИ ПРОМЕНИ

Day 1,305, 00:21 Published in North Macedonia Bulgaria by Mitko Makedonecot

.....Станав денеска порано со една мисла ....си викам ,ќе го зезнам Платон....
Во 8:30 истрошив 300 здравје (без употреба на никакво оружје, сега нели мораме да штедиме) во битка за некоја земја , во која мававме заедно со нашиот ни мил сега веќе поранешен Претседател.
И чекам да дојде 9:00 и да си наполнам повторно 300 здравје(лебец барем имаме благодарение на поклонот фирми од погоре спомнатито Платон), чекам....чекам....
веќе е 9:02 саатот а тајмерот си одбројува понатаму.....WTF....АААААА ПЛАТОН ПЕ*ЕР,(ова и не би требало да е некоја навреда знаејќи ја сексуалната ориентација на тогашните Хелени)
Платон повторно си внесе ГОЛЕМА промена на мала врата, овојпат без порака и со она мало негово сликиче кое објаснува што тој толку добро направил за нас драгите граѓани.

Влегов во магичниот круг,на секои 6 сати да надополнуваш и да си пукаш....се така во круг....влеговме во друга димензија.. сите правила што важеа досега повеќе не важат....ќе се приспособиме и на ова , дали добро или лошо за нас ќе покаже времето.
Се до некоја наредна промена, помалку или повеќе драстична......