[МАКЕДОНЧЕ] економија наша мила!

Day 1,301, 14:55 Published in North Macedonia North Macedonia by makednoce

Понесен од адреналинот со еГрците дека ги освојуваме и дека им дојде крајот ми доаѓа една мисла која деновиве ме влече.Имено станува збор за економијата во играта која сите ја напаѓаме.Воедно сакам и да ви укажам на некои работи,се надевам ќе бидам позитивно разбран.

Да речеме дека лебот сега го достигна својот минимум исто така и оружјето и сите го напаѓаме нашиот еБог за промените.Како прво тој не е толку крив колку шо ние го напаѓаме,еве зошто.Порано или првиот модул бил (не сум бил во играта тогаш) "лесен" според вас постарите,ДА бил зашто сте биле и малку играчи во играва.Па и во некое стадо од 50 овци да ставиш уште 2000 нее лесно да ги нахраниш,шо ми е зборот така и нашиот еБог ни даде се за да бидеме сити затоа што оваа игра како шо гледам нема да застане на 200 000 играчи ќе оди нагоре али сега ова ќе биде малку позабавено,државите неможат веќе да прават толку јаки бејби бумови и додек се сетиме ние моја процена до нова година нашиот еБог ќе мора да се справи со 400 000 играчи (моја процена).Е сега кога веќе да речеме му дојдат овие 200 000 "овци" тие ќе бараат храна и оружје ама тоа нема да биде така лесно (купи од маркет Q1 и сит сум) секоја храна ќе си има квалитет и според тоа ќе биде одразено на ударната моќ на еГраѓанинот (нема да прави толку јак influence),исто и со оружјето нема да биде сеедно дали удараме со Q1 или Q5.Според тоа правопропорционално ќе почне да расте цената на појаките производи (мислам дека Q1 ќе користат само новите овчички) а со тоа и економијата ќе си го направи своето.Мислам дека после воведувањето на оваа промена производите да имаат различно делување со тоа и цената ќе биде се повисока и повисока.

Да резимираме,или мој совет како сакате,уживајте во ова златно доба на eRepublik пошо не сум многу стар па не сум ни многу млад играч овдека за да се сетам кога производите биле толку ниски да со една дневна плата и се наполнам до горе и пукам со тенк.Значи мој совет мои еСонародници е да ние си се обезбедиме со Q5 производи,кој колку има злато препорачувам да си прави upgrade на магацините и да складирате и да чувате,пошто знаеме шо рекле старите и паметни наши стари "стави у долапо за к'тни денови" така и ние драги сограѓани да си наполниме долапите до даска со квалитетна роба па шо сака нека биде послем важно еМакедонија ќе знае дека народот и е вооружан до заби и долго долго никој нема да и запрети.

Пошо немам многу време да пишувам статии ќе се потрудам во оваа да ви "збутам" се белким нема да ви биде заморно.

Јас како играч на еРепублика сум веќе шести месец и сум член на една партија во која членуваат луѓе кои размислуваат малку поразлично од другите па ако мислите дека и вие сте еден од тие луѓе нашата врата за вас е широко отворена па повелете приклучете ни се.Исто така нашата партија има и свој чат канал на ризон #PHALAN😜ARTY секогаш имаме човек таму кој ќе ве дочека и ке ги размени нашите еМисли и еИдеи.

Самостојна македонска држава е политичката и револуционерната цел на македонските револуционери и Македонската револуционерна организација.


СЕКОГАШ ТУКА ЗА МАКЕДОНИЈА ВАШ makednoce