Почитувани еМакедонци!

Day 1,278, 03:38 Published in North Macedonia North Macedonia by pesticid



Како прво сакам да ви го честитам на сите обединувањето на македонските територии, со надеж дека во овие возбудливи моменти кога узото и официјално стана македонски производ ќе најдете време да ги прочитате овие неколку редови.
За неколку денови ке има конгресменски избори и јас бев избран за кандидат во Лацио од мојата партија Македонија на Македонците (МнМ). Прифатив имајки на ум една мисла, сложно заедно да ја јакнеме еМакедонија.
Тоа се постигнува само на еден начин преку фер и некорумпирани гласови. Уште од почеток кога почнав да ја играм играва немаше избори а да не ми се понуди q5 леб, тенк или по некоја виртуелна монета. Сите оние што пробале да го купат мојот глас знаат дека не сум се продал за нереални пари кои макотрупно сам си ги заработувам заедно со лебот и оружјето. Во рл, се знае кој земале пари-кодошите и предавниците, па затоа не сакав да подпаднам во таа стапица и со сите играчи градам коректен однос, барем со тие што досега сум успеал да стапам во контакт.


Ајде сите сложно да го смениме тој тренд на поткупување кој го понижува и му ја одзема гордоста и честа не само на оној што дава туку и оној што зема продавајки го својот глас, и на тој начин ја разединува еМакедонија наместо да ја обединува. Знам дека чесните играчи се мнозинство овде и и мислат добро на еземјава, затоа нека го дадат својот глас за чесност не за виртуелни добра.
Гласајте мудро и уживајте од срце во овие весели за нас денови во обединета еМакедонија.