Напад на еМакедонија од страна на ЕДЕН преку еГрција

Day 1,273, 14:07 Published in North Macedonia North Macedonia by BakjorMK


ЕДЕН со својот план и стратегија успеа да ја скоро избрише еСрбија и да покаже дека втора држава на нивната листа е еМакедонија. Очигледно е дека ЕДЕН се координира за напад на главните сили од ОНЕ алиансата за да не не остават да се ујачаме, а од друга гледна точка сакаат да не избркаат од апенинскиот полуостров. Секако дека се работи за наши и нивни територии но сепак војната е помеѓу ОНЕ и ЕДЕН.



Откако еГрција не прогласи за природен непријател одма по 3 минути Струмјанин возврати. Додека се очекуваше напад од еГрција во вечерните часови, еФранција не прогласи за природен непријател. Апулија им ја вративме на Италјанците за да неможат да не нападнат Грците на апенинскиот полуостров дека само со тој регион се граничевме но затоа Французите ни забија голем нож од зад грб. Да се надеваме дека Французите нема да го изгласаат законот за природен непријател, кој засега е 16-15. Што треба да направиме за да извојуваме победа? Иако сме во многу тешка ситуација не смееме да се предадеме односно да се бориме храбро до крај - земете ги за пример Србите. ЕДЕН ја применува истата тактика како и за Србија така и за нас, затоа ние сами не можеме многу да постигнеме, излезот се бара на друго место каде што се коориднира алиансата. Сепак како прво, работа на државата е да вложи средства и ако е по можност да дели храна и оружје и на цивилите. Од нас се бара максимална активност по индивидуална можност заради појака и поголема армија која што ќе ги контролира рундите, значи треба да се чувате односно да не пукате без потреба доколку ѕидот е над 55%. Исто така треба да сме среќни што имаме големи борци како ScymeX и други кои ќе бидат будни за еМакедонија.



Се очекува тешка борба, во која веднаш добивме подршка од Турција и Србија како и другите држави на ОНЕ. Разбудете се Македонци за да им ја покажеме силата на Грците и да ги споиме нашите Италјански региони со Македонија, не смееме да ја пропуштиме оваа историска шанса.