Што понатаму? Дали е време за пауза?

Day 1,270, 22:42 Published in North Macedonia North Macedonia by Great White Ajkula

Првпат од постоењето на Македонија, освен Вардарска, Пиринска и Егејска, имаме и Апенинска Македонија. И тоа со Главен град - токму во неа, што ни дава солидни бонуси... Но она што ме тангира малку е - Што понатаму? Или подобро речено - Каде понатаму?
1. Франција? Веќе се договоривме за враќање на Корзика... Има ли смисла да се зборува за повторен напад на Франција? Најверојатно НЕ.
2. Грција? Македонија е силна земја, нема дискусија. Но нападот на Грција ќе ги повлече сите до последен мастер-карт шовинисти да тенкираат против нас. А Да бидеме искрени, под сомнеж ја ставам верноста на Србите по прашањето на удирање на Грција. Не велам дека не се добри сојузници - напротив одлични сојузници се, но во моментов се окупирани речиси во целост, а и кога се слободни, не им фаќа кликот против Грција.
3. Бугарија? Досега имавме 2 војни. Двете со резултат - иницијатива на Македонија до кај Пловдив или Русе - и после дома. До западна! Бугарија нема некои истакнати тенкисти, ама има многу народ стар повеќе од 1 година. Многу силна регулрана војска. Во перспектива, ако немаат бејби-бум, може и да ги затепаме... Ама тоа не верувам дека ќе биде многу скоро.
4. Хрватска? Да. Окупаторот на нашиот сојузник е една можна цел, со што многу би и помогнале на Србија. Но, во овој случај ќе добиеме инстант одговор од Бугарија - природен непријател (можно е да следува и така и така...
5. Договорено пинг-понгирање со Словенија? А што ако некоја од наведените не изненади? Може да имаме проблем со престанокот на војната против словенија, а трчањето по БХ во пинг-понг војната ќе влече барем 10-20% од демиџот на Македонците... Значи и тоа не бива... Каде понатаму?
6. Период на Мир и помагање на сојзниците... Можеби. Но тогаш ќе се изедеме меѓусебе...

Почитувани Италијанци. Се окозивте од востанија, а сега никаде ве нема. Ве молиме - кренете барем едно... едничко...