Создавањето на Елите ДБК

Day 1,264, 19:36 Published in North Macedonia North Macedonia by Voix of Macedonia
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ДОЛГА ПРИКАЗНА!!!

Драги мои читатели вечерва ќе ви раскажам приказна во еден од моите најинспирирани моменти во пишувањето а тоа е создавањето на единицата која направи вистински БУМ во еМакедонија затоа што со само недела и пол постоење на последното рангирање на најдобри светски единици се најде на 202 место што сепак не е многу лош старт според мене, а тоа е единицата за која мислам дека повеќето од вас знаете а тоа е ДБК!!!


Туку чекајте малце не ми беше тоа зборот и мислам дека ви должам објаснување во врска со насловот. Сигурен сум дека 90% од вас се чудат зошто е воопшто тој наслов но тоа ќе ви го објаснам откако ќе ви ја раскажам оваа приказна во врска со формирањето на ДБК.

Сега прво малце за да почнам мора да кажам и некои работи за мене!
Едни така две бериќетни недели кога јас имав така повеќе среќа а и за кои сигурен сум дека знаете (барем тие што киснат со мене на чат) јас си фатив спортска и не така лоша сума...но да биде среќата поголема ја фатив точно во периодот кога имаше 30% плус голд на купување а воедно имаше и 2-3 саати каде што имаше 50% на надоградба на фирми... сега сигурен сум дека веќе знаете што се случи со тие пари или барем со еден дел од нив... одговорот ќе го оставам на вашата имагинација!

Туку ајде нема да должам толку многу и значи тој период ми беше "The Golden Era of Voix" каде што пукав каде што стигнев и можам да кажам дека...ај вос фејмус и некои единици почнаа да ме бараат за да станам нивни член, добро ама јас не сакав туку сакав да си бидам како Лазаросамкд и да си бидам тенк 🙂 (лош филм морам да признаам)

Тогаш од никаде се јави Прилепскиот Мајмун, да баш тој мајмун а тоа е DiplomatMK само не ми текнува како почнавме да комуницираме... нема врска значи што ми беше зборот.. а да за среќавањето со мајмунот. И ми вика во еден дел од муабетот: Брат сакам да ти кажам нешто, сакам да праам единица... онака човекот од ведро небо ми рече сакам единица и крај!!
Јас му викам абе човек а знаеш нешто како се води единица што треба и како треба? Ми вика тој: Брат врска немам, ама голема желба имам и ќе направам!!

Да ваква беше мојата реакција 🙂 и што е најлошо не го ни сватив озбилно...кога еден ден ми вика абе брат јас направив единица.
И кога гледам вистина...леле викам и сега? И ми вика па сакам ти со тенкарата да дојдеш кај мене ќе те ставам за командант само да направиме нешто (а и јас дрво невидено за единици контролирање) и му викам ок брат ајде штом ме правиш командант идам иначе не идев пошто желба ми е да бидам командант на единица и нема врска почнавме некако и прв што ни излезе во пресрет беше Davor Pehcevski човек на кој мора да му бидеме благодарни затоа што одвои 1 или 2 часа за да ни објасни све што ни треба и како! Тогаш одлучивме да примаме членови што се само со над 1000 сила за да имаме каков таков просек на единицата....
Денес баш во моментов кога ја пишувам статијава во единица имаме 1 кавалитет 5 оружје, 5 рудници за железо, 1 квалитет 3 за храна (на пат сме да ја надоградиме во квалитет 4) и 8 житници. Сепак не застануваме само тука и со добра организација сметаме дека единицата ќе ја достигнеме до самиот врв!


Епа народе тоа е тоа се надевам дека ви се допадна оваа така подолга статија и да знаете ако имате над 1000 сила и немате единица можете да се обратите во ДБК каде ветуваме убава дружба на чатот на #DBK за повеќе информации можете да не најдете на тој чат или да пишете ПМ мене или на Дипломат!! Поздрав и добра ноќ