[МзЕ] Намалување/корекција на даноците

Day 1,251, 02:40 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Ekonomija


Почитувани читатели на официјалниот весник на Министерство за Економија,

во текот на вчерашниот ден ми беа предадени лозинките од двете организации со кои раководи МзЕ.
Оваа е појдовната состојба:

Министерство за Економија има:
1.26 златници
4622 денари

17377 q1 лебови
1758 q5 лебови
21 q5 тенкови
11 q3 куќи
679 жита
657 железа
3562 камења

Во Makedonija Organization има:
9691 денари

2844 q3 лебови
355 жита


Главна цел на МзЕ ќе биде намалување/корекција на даноците. Веќе имам подготвено предлог-закони кои ќе му ги претставам и образложам на новиот конгрес на 26-ти или 27-ми овој месец.
Затоа ги замолувам новите конгресмени што ќе се изберат да не ги понесува првичната љубопитност или ентузијазам/еуфорија и да не поднесуваат закони на своја рака туку во заеднички договор со МзЕ.

Сега да образложам зошто намалување на даноците.
Кога се поднесуваше зголемување на даноците тоа се правеше со цел да се повлечат денари од оптек и да се стабилизира вредноста на денарот на одредено ниво. Ова е добра мерка во ситуација кога државата може да ја контролира количината на денари/валута во оптек. Во ситуација кога админите купуваат суровини и производи од маркетот а можеби и злато, тие уфрлаат нивни денари. Како резултат на тоа државата не е во состојба да ги контролира ниту количината на денари во оптек ниту вредноста на денарот.
Борба со админи е како борба со ветерници затоа не сакам да ветам зголемување на вредноста на денарот кога тоа не може да се исполни.
Од формирањето на еМакедонија до сега се поднесени 9 закони за печатење на пари при што се испечатени 800.000 денари а само на сметката на Народна Банка на Република Македонија има повеќе од милион денари така што друг коментар не е потребен.

Во играва со парите од данокот
- се потпишуваат МПП
- може да се подигаат востанија
- се помагаат АРМ и паравоените
- се финансира Црвен Крст на Македонија (се помага на новите играчи во невоља)
- може да се организираат преселби во одредени региони
- се дели леб на цивили во важни битки
- оние кои се регистрирале на играта добиваат 5 денари почетен "џепарац".

Со новите даноци ќе гледам да не се зема повеќе отколку што треба и да не рушиме Гинисови рекорди по бројот на прибрана валута во Народна Банка.
Исто така да ги снема оние иритирачки извици (шаути) "купи 6 q5 тенкови добиј 1 пар гаќи/чорапи гратис"....Ако ддв-то не е премногу големо ќе се намали и сивата економија. Додуша, претходните министри веќе иницираа извесно намалување и може веќе да се примети намалување на таквите шаути.

Тоа би било отприлика за оваа статија.

Ако имате некакви мислења, предлози, насоки во врска со економијата на еРеп ќе ми биде задоволство да ги прочитам.

Со почит,
Министерство за Економија
Министер за Економија: lazarosaMKD