Кандидатура за Конгрес

Day 1,250, 03:58 Published in North Macedonia North Macedonia by inSertCoiNoW

Најпрвин здраво на сите. Ова е моја прва кандидатура за Конгрес, бидејќи конечно се чуствувам подготвен за донесување на важни одлуки.

Примарна област во која планирам активно да се вклучам е Економијата на државата. Како дипломиран економист, и вработен во банка во сектор за планирање на готовината мислам дека највеќе можам да допринесам во ова поле.
Знам дека се зачленив во мала партија и шансите за мој избор се минимални но секогаш вреди да се обидеш ; )

На кратко еве ги промените кои планирам да ги предложам (донесам):

Економија:
- намалување на ДДВ за главните производи храна и оружје на 5% (за почеток)
Преку оваа мерка планирам воедно и да се намалат цените на пазарот за овие производи. Главната идеја позади оваа мерка е следнава:
Со воведување на инвентарот во поново време, се отвори можност за, како што би го нарекол јас, "шопинг туризам". Што значи ова? Играчи од целиот еСвет кои сакаат да заштедат пари пресметуваат во која држава можат да купат највеќе производи за 1 голд. Купуваат голд во својата држава и го продаваат во другата држава а со локалната валута купуваат производи и го полнат инвентарот за неколку дена. Идејата е да се направи еМакедонија шопинг дестинација. Што би ни донело тоа? Голема количина на злато на нашиот пазар и профитабилност на компаниите кои многу брзо можат да ги продаваат производите, што би значело дека нашите граѓани ќе бидат мотивирани да отворат повеќе компании и да вработат во нив еМакедонци наместо сами да си ги работат фирмите.
Загубениот прилив во буџетот од намалените даноци ќе се надохнади со продавање на поголем број на производи.
- одржување на стабилен курс на денарот на малку повисоко ниво од сегашното.
Оваа мерка би дошла како подршка на претходната. За да се направи еМакедонија шопинг дестинација треба да може да се купат највеќе производи за 1 голд во споредба со пазарите на поголемите држави во еСветот. Во еСветот има хипер-продукција, проблем кој админите не планираат скоро да го решат, затоа мислам дека оваа идеја е најдобра за развивање на економијата и во услови на криза.

Политика:
- прогласување на Италија за ПН.
Овде ќе бидам краток. Моја проценка е дека сеуште не сме подготвени за освојување и задржување на Бугарски територии. Главна цел треба да ни биде бришење на еИталија од мапата и држење на нејзините региони под наша контрола на подолг рок. Но секако пред се бранење на нашите оригинални територии.
Доколку ја држиме еИталија окупирана на подолг рок тие постепено ќе почнат да се откажуваат од играта. Ова би значело дека во иднина евентуално востание лесно ќе биде задушено. Ова е подготовка за кога конечно ги споиме регионите, Италијанските региони би ни биле веќе како оригинални региони. Доколку не успееме да ги споиме регионите а успееме да ја намалиме желбата за ослободување на еИталија на минимум, можеме да го преселиме главниот град таму.

Поздрав до сите еМакедонци и патриоти и се надевам дека ќе го дадете вашиот глас за мене... регион: Western Macedonia

...ве молам за воут и шаут....