Христос Воскресе

Day 1,250, 18:06 Published in North Macedonia North Macedonia by MarshallmkD





Христос Воскресе. Бидете среќни и благословени, вие, вашето семејство и вашите пријатели. Среќен Празник. Велигден е празник над празниците, центар на православната вера.



Воскресението е темел на христијанството.
Велигден е празник над празниците, центар на православната вера. За верниците, периодот пред празникот претставува патување исполнето со: покајание, прошка, измирување, молитва, пост и учење. Со доаѓањето на Велигден, се празнува победата на Животот над смртта. Велигден и празниците поврзани со него се подвижни празници, т.е. секоја година паѓаат на различен датум. Симбол на празникот се вапсаните јајца и во последно време декорирањето на домовите на што особено се радуваат децата.









Од кога се прославува Велигден?





Воскресението Христово се прославува уште од самиот почеток на христијанството и Црквата, затоа што ВОСКРЕСЕНИЕТО е темел на христијанството. Без воскресението на Месијата, без Неговата искупителна и сеослободувачка жртва на Крстот, христијанството би било само уште една „утешна“ религија во овој свет . Но, со Крстот на Месијата и Неговото воскресение од мртвите – христијанството е ОДГОВОР, ПАТ и ОТВОРЕНА ВРАТА кон онаа состојба на постоење за која сме создадени од нашиот Творец.




На Велигден му претходеше 40-дневен пост. Која е симболиката?




Постот е поттик за одржување на духовната будност (Матеј. 24. 42), односно, на духовната – личната трезвеност. Но, буден може да биде само оној кој не спие, а оној кој спие – за да биде буден – треба првин да се разбуди!




Симбол на празникот се вапсаните јајца. Што овој чин означува?





Бојадисувањето на јајцата е благочестив обичај поврзан со празнувањето на овој празник. Убава е симболиката на јајцето со светот, со нашата планета, црвената боја со искупителната крв Христова, а кршењето на јајцето со воскресението, со објавувањето на обновениот живот! Можеби, понекогаш, претеруваме со значењето на црвеното јајце на Велигден – со што – ја потиснуваме потребата на овој празник по суштински да се проговори за самата смисла на воскресението. Но, според мене, како ќе раснеме и зрееме духовно – ќе го оставаме детинското – и ќе размислуваме и делуваме како зрели луѓе!




Што освен вапсано јајце и поздравот „Христос воскресе - Навистина воскресе” може да подариме на Велигден?






Многу работи! Може да подариме објаснување за воскресението на тие што тоа не го разбираат! Може да подариме добрина, внимание, разбирање. . . за со тоа да воскреснеме духовно некоја душа која спие мртовечки сон поклопена под товарот на егоистичната илузија и суровоста на отпаднатиот од Бога свет!

А еве и од мене еден скромен подарок – делови од Светото Писмо кои ни сведочат за Искупителната жртва на Месијата и за Неговото воскресението.

Убаво е да размислиме за нивната содржина и порака!




Извор: IDIVIDI




Вашиот MarshallmkD




За shout: Христос Воскресе - http://tinyurl.com/hristosvoskrese