Честит празник на сите еМакедонци

Day 1,251, 05:54 Published in North Macedonia North Macedonia by Stefan Prvi Veliki

Денес сепак е голем празник, Велигден, ден на Христовото воскресение па затоа одлучив оваа статија да ја посветам токму на тој празник.

Уживајте:



Велигден е најголемиот христијански празник, кој го одбележува и слави Христовото воскресение. Празникот се одбележува на нешто поинаков начин и обично на различни датуми (стар и нов календар), кај православието и останатите христијански вери.

Велигден или Ден на Воскресението Христово е најважниот верски празник во православниот календар. Христијанските верници со овој празник го прославуваат воскреснувањето на нивниот бог Исус Христос по неговата смрт со распнување околу 27-33 година н.е. Тоа се случило на третиот ден по неговата смрт, сметајќи го и денот на смртта т.е. првиот ден недела после Велики петок.

Православните христијани на тој ден се поздравуваат со поздравот Христос воскресе на што се одговара Навистина воскресе.

Место во православниот календар

Велигден и празниците кои се поврзани со него се подвижни празници, тие не паѓаат на ист датум секоја година според грегоријанскиот (цивилниот календар) или јулијанскиот календар (кои го следат движењето на Земјата околу сонцето и годишните времиња). Тие се фиксни според лунарниот календар кој е сличен, но не ист со еврејскиот календар.

Велигден се празнува после еврејскиот празник Пасха (хеб. pessach), во првата недела после полна месечина, која што е на самиот ден на пролетната рамнодневница или непосредно по неа. Во периодот од 1900 до 2100 година Велигден може да се падне помеѓу 4 април и 8 мај.

Во православието, подготвувањата започнуваат со Великите пости. По петтата недела (ден) од великите пости доаѓа Цветната недела, која завршува со Лазарова сабота. Овој ден го означува завршетокот на Великите пости, иако празникот продолжува и следната недела.

Потоа доаѓа празникот Цветна недела (Цветници), Светла седмица, и најпосле самиот Велигден, и постот прекинува веднаш по Божествената литургија. По велигден следи Томината недела, за време на која нема постење дури ни во среда и петок.

Велигденската служба започнува на полноќ (почеток на Велигденското утро). Со тоа што оваа служба е на полноќ, на истата и е загарантирано дека ниедна литургија нема да дојде пред неа изутрината. Ова се должи на фактот што Велигден се смета за празник над празниците.




Христос Воскресе

Поздрав и останете ми со 100 здравје

о7