Извинување

Day 1,213, 04:16 Published in North Macedonia Spain by Petar MKD

Најпрвин сакам да се извинам затоа што постапив самоволно и не ги прочитав наредбите за овој ден. Оваа ситуација САМ ја предизвикав и не сакам никој друг да сноси последици. Кога почнав да се борам направив инф 57477 со тоа ние ја добивавме битката 65% наспроти 35% на Црногорците.

По реакцијата на Црногорскиот претседател Petar_P0para_Crni кој ми ја укажа грешката веднаш решив да престанам и да го насочам удирањето од другата страна, затоа имам направено 42528 инф за Црногорците по ова работите се вратија на 55% за Македонија и 45% за Црна Гора. Навистина жалам што ова злато не го искористив на Италија но сепак до некаде ја исправи грешката. За тоа дека се консултирав со претседателот на Црна Гора и дека и тој ми прости за оваа непромислена и нерационална постапка од моја страна, може да ви посведочи неговата наредба:
https://docs.google.com/document/d/1yOeMU5_hQGGD0YahemNEa75QjctpusoDF1n0R7iG5vk/edit?hl=sr&pli=1#

Во која тој вели:
"Жао ми је свих поштених Македонаца који ми шаљу ИГМ са извињењем, БХ хероја, као што је Петар МКД који су своју штету анулирали ударајући и са друге стране!!!"

Се извинувам уште еднаш и подготвен сум сам да ја сносам одговорноста за постапките кои сам сум ги донел.