Пред и после додавањето на еМакедонија [Статистики]

Day 1,183, 15:55 Published in North Macedonia North Macedonia by Drashhh_III_Makedonski


Здраво живо еМакедонци


Би сакал во оваа статија да ви претставам колку еМакедонија се подобри во оваа игра. Статистиките ќе датират од пред година време и повеќе до денешен ден.

Еве некои статистики кои во времето кога еМакедонија не беше на мапата на еРепублик беа изненадувачки за сите играчи а воопшто и за самата игра.

Во почетокот на нашата борба за додавање на еМакедонија, процентот на посетеност и ранкот на еРепублик во Македонија изгледаше вака.



Како што можете да видите на сликата, статистиките покажуват дека посетеноста од Македонија пред повеќе од една година била вкупно 1.4% од вкупната посетеност во целиот свет. Со оглед на тоа дека во тоа време Македонија ја немаше на мапата, процентот на посетеност беше зачудувачки голем. Уште тогаш најавивме дека еМакедонија ќе постигне голем успех во оваа игра.

Најчудно беше исто така во тоа време фактот дека во еМакедонија, еРепублик беше во топ 50 посетени сајтови во државава. Тоа можете да го видите на следната слика...



Денес, статистиките се драстично променети. Најновите податоци покажуват дека еМакедонија навистина го достигна врвот во оваа игра. Следниве слики вредат илјада зборови.



Според посетеноста еМакедонија на првото место во светот со убедливи 6.1% од вкупната посетеност, проследена од САД и Грција со нешто помалку посетеност од нашата.



Исто така, играта влезе во топ 20 најпосетени сајтови во Македонија.На 19 место во Македонија, еРепублик може да ја класифицираме како една од најиграните игри во државата (броусер игри).


Следниве статистики се за моменталното население во државата. Ќе направам споредба со податоци од пред 2 месеци. Поточно од декември до денес.


1.
2.

1. Првата слика ни покажува дека еМакедонија во декември минатата година имала 2382 работници и 1 309 835 вкупна сила.

2. Денес еМакедонија со вкупно 6657 работници и сила од 2 919 552 претставува една од врвните и водечки држави во еРепублик.



Сликата ви го покажува порастот на популација, работници и сила во државата.
Пораст на популацијата има од 76.4%, пораст на работниците има од 179,64% и пораст на силата има од 161,3%.



Напред заедно, сложено кон остварување на нашите цели во играва! За еМакедонија заедно!

Се надевам дека ви се допаднаа статистикиве.

Поздрав! Да сте ми живи и здрави.

Ваш,

Драш