Паравоена Единица - Бојлери

Day 1,183, 15:39 Published in North Macedonia North Macedonia by Osogovo

Добро вечер народе

Јас, како и сите оние кој што се без паравоена единица сонуваме за едно нешто. Да го носиме аватарот на некоја паравоена единица или на армијата на еМакедонија за кога ќе влеземе влеземе во непријателски територии и кога ќе се бориме против нашите непријатели да бидеме барем малку забележани. Уште како бебиња мечтаеме за таква слава, но има некоја пречки во 98.5% од постоечките единици. Тие пречки се што тие тражат голема сила околу 1,000 сила што значи дека треба да си доста искусен за да знаеш да запалиш тенк и да му сменеш задна десна гума. Многу работа, многу леб јадење треба за да се постигне таа цел.

Јас, како уште еден wannabe general основам паравоена единица и имам една фирма за жито во која регрутите обавезно мора да работат! Со тоа ќе Ви овозможам да добиете малку популарност и секако, почит од останатите еМакедонци.


Дами и господа, дозволете да Ви ја претставам паравоената единица Бојлери!
Па еве кој се условите за членство во Бојлер паравоена единица.
  -Да работите во фирмата за 1.5мкд.
  -Сила.. не постои такво нешто кај нас
  -Да има искуство бар најмалку три и пол минути од играва
  -Да е присутен на чет #bojler-mk (клик)
  -Да се носи аватар, обавезно (аватар подолу)

Тоа се главните услови и воедно ќе бидат применети кон Бојлер Елитата.


аватарот кој ќе мора да го носите

На почеток ќе се примат 10 членови и со нивната работа во фирмата кога ќе се направи профит, ќе се купе друга фирма каде што ќе работат бебиња. Тие ќе ни бидат десна рака и ќе бидат извор на ресурси или поточно кажано, тие ќе нè финансираат со нивната работа.
Услови нема за нив освен да го носат аватарот „греалица“.

аватарот на бебињата воедно и десна рака на единицата

Не го заборавајте го нашето мото: „Ако не Ве заебе греачот, нема кој!

Благодарам на одвоеното време и очекувам Ваши пријави во најскоро време.
Секако дека нема да формирам паравоена единица. Артикалов го направив колку да се убие досадата и да се насмееме малце, нели? 😉

Поздрав, со љубов од Osogovo 😉