[МзЗ] ОТЧЕТ ЗА СРАБОТЕНОТО

Day 1,148, 12:23 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Zdravstvo


Почитувани еМакедонци,

да го искористам ова затишје пред бура во нашата воја со Бугарија и да ве информирам накратко за работата на Министерството за Здравство и Црвениот крст на Македонија како и да ви ги соопштам резултатите од сработеното во изминативе 4 дена.

Како што знаете како резултат на војната со Бугарија изминативе денови имавме нов т.н. Baby Boom и голем наплив на нови еМакедонци кои масовно се приклучија на играва да ја бранат својата мајковина - Македонија!

Ова значеше и огромана работа на Министерството за Здравство кое успеа да ги подучува а потоа и нахрани и излечи новите играчи за да тие понтаму не прават штета на нашата економија доколку работа со мало здравје. Тука ќе апелирам повторно до сите нови играчи дека повеќе ќе и помогнат на Македонија и нашата економија ако работат и тренираат секој ден со 100 здравје отколку да се испукаат во војна!

Сега да преминеме на резултатите од работата на Министерството за Здравство во мисијата да се нахрани толкава нова популација на “Бебиња“ + некои попатни стари волци кои се гребеа за лебче : )

Министерството за Здравство пред 3 дена доби државен буџет од 3000 МКД или нешто над 100 gold. Заради, ефикасно и прегледно распределување на леб на сите на кои им е потребна помош за повраток на здравјето Министерството воведе новина во апликацијата за помош. Нема повеќе делење на лебови на оние што праќаат ПП туку САМО на оние што ќе го пополнат ОВОЈ КРАТОК ФОРМУЛАР и САМО на оние на кои НАВИСТИНА им е потребна. Приоритет се дава на помалите и послабите играчи, нормално 😉

Во ове 4 дена за помош се јавиле вкупно 600+ апликанти од кои опслужени со леб беа над 500, до овој момент. Бројот на луѓе што барале помош по денови може да се види на графиконов:

*шпицот на баратели на помош е Baby Boom-от и војната со Бугарија.


*Од овој графикон може да се види и по working skills колку луѓе побарале помош во леб. Се забележува дека се претежно новите (бебиња) еМакедонци но има и постари “магариња“ кои барале помош ; )

Ајде сега малце бројки и интересни информации за работата и резултатите на Министерството:

- Министерството за ове 4 дена потроши фонд од 3000 МКД или ~100 gold
- Помош добија над 500 еМакедонци
- Министерството подели вкупно над 2.500 леба или подели здравје од вкупна вредност од над 10.000 на еМакедонците!
- во просек, секој што побара помош на Формуларот доби по 20 здравје или леб во вредност од ~ 6 МКД (средна пазарна цена на Q2 леб од 1,5 МКД)



На крај морам да наведам и тоа дека имаше и обиди некои да ја злоупотребат помошта од Министерството па се јавуваа повеќе пати за помош и покрај апелот и инструкциите кои им без дадени по ПП да не се борат! Дел се веќе и на црната листа.
АПЕЛИРАМ уште еднаш до сите под 15 Левел - ДА НЕ СЕ БОРАТ !! Рано им е уште.

Секако имаше и обиди на нашите “драги браќа и пријатели“ Волгари да се изгребат за лебче од Македонија, да спамираат па и да навредуваат и провоцираат... но и тие обиде им беа безуспешни! Патем и видовме зошто биле нервозни - падна Софија! 🙂

Втората новина која се обидов да ја воведам во Министерството беше програмата за “Јавно-приватно партнерство за ревитализација на еМакедонците“ која поради војната со Бугарија и Baby Boom-от остана да чека имплементација во некои подобри времиња. НО сепак успеавме да направиме пилот проект од неа и тоа со добри резултати. За тоа морам да му се заблагодарам јавно за поштеноста, соработката и трпението на Cicko Razme кој како работодавец помогна во Ревитализацијата на 3 еМакедонци кои беа излечени на 100 здравје од Министерството а за возврат беа пратени да работат кај Cicko Рazme. За посредството и за помошта според договорот Чичко Разме донираше вкупно 48 МКД во Министерството за Здравство.
Во некои подобри времиња оваа програма може да продолжи.

За крај, акцијата за помош на новите еМакедонци продолжува и натаму. Ќе се донира на сите оние што РЕАЛНО имаат потреба од помош и што ќе се јават ОВДЕ, па затоа ги молам постарите играчи, оние со полно здравје и оние што аплицираат по 100 пати да не ја злоупотебуваат акцијава.



Благодарност и до моите помошници Данче, Баварец и Алекс.

VOTE за сите да видат!

Over and Out! 🙂

Аминта Македонецот,
Министер за Здравство.