[МзЗ] РЕФОРМИ ВО ЗДРАВСТВОТО + ЈАВЕН ПОВИК

Day 1,143, 17:31 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Zdravstvo

Здраво еМакедонци,

Како нов Министер за Здравство најпрво сакам да ви посакам на сите Среќна Нова 2011 година исполнета со многу среќа, љубов, по некоја паричка и највеќе од се ЗДРАВЈЕ! 🙂

Воедно православните еМакедонци да ги поздравам со - Христос се роди! ... и да ви посакам честити Божиќни празници!



Како прва новост сакам да ви ја претставам Реформата која сакам да воведам во начинот на финансирање и работата на Министерство за Здравство и Црвениот крст на еМакедонија.
Реформата опфаќа воведување на нова Програма “Јавно-приватно партнерство за ревитализација на еМакедонците“ која во кратки црти се состои од партнерски систем помеѓу Министерството, приватните фирми и еМакедонците кои имаат проблем со одржување на здравјето. Системот ќе биде кружен и самофинансирачки (нема да трошиме многу буџетски средства), ќе има квалитетна помош за сите загрозени со здравје еМакедонци и дополнително ќе обезбедиме услуга на приватните фирми за идни вработувања.



Програмата “Јавно-приватно партнерство за ревитализација на еМакедонците“ ќе се реализира во два чекора:

1.Од денес, Министерството за Здравство распишува повик до сите заинтересирани фирми од еМакедонија (пред се фирми за леб) кои би сакале да работат во партнерство со нас на оваа програма за подобрување на јавното здравје. Сите заинтересирани сопственици на фирми нека пополнат кратката апликација подоле под сликата и ќе бидат повратно известени за деталите.

2.Партнерството ќе се состои во:

-најпрво Министерството за здравство ќе ревитализира на полно здравје (нахрани) еМакедонци кои останале без пари и можност за одржување на сопственото здравје и побарале помош од Министерството и Црвениот Крст на Македонија, НО за возврат ќе ги праќа да одработат 3 дневна работа во приватните фирми со кои ќе има склучено партнерски однос.

-приватните фирми ќе ги примат на работа еМакедонците кои ги праќа Министерството и ќе им обезбедат просечни плати во наредните 3 дена а за услугата за обезбедување нови работници со полно здравје ќе донираат одредена количина леб или пари на Црвениот Крст.

Вака ќе се створи еден круг на партнерство помеѓу Министерството, приватните фирми и загрозените со здравје еМакедонци.
1.Фирмите ќе добиваат нови вработени со полно здравје и работници со пониски плати од пазарните за првите 3 работни дена а понатаму платата ја оставаме на взаемен договор меѓу вработениот и газдата,
2.Црвениот Крст ќе добива компензација за услигата од фирмите - партнери која ќе ја употреби за сите идни загрозени со здравје граѓани (самофинансирање) и
3.Загрозените со здравје еМакедонци ќе добијат полно здравје, обезбедена работа и лекција за одржување на сопственото здравје во иднина.



УШТЕ ЕДНАШ ГИ ПОВИКУВАМ СИТЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ СОПСТВЕНИЦИ НА ФИРМИ ОД еМАКЕДОНИЈА КОИ ИМААТ ПОТРЕБА ОД РАБОТНИЦИ ДА СЕ ПРИЈАВАТ ПРЕКУ ПП ВО МИНИСТЕРСТВОТО ИЛИ СО ПОПОЛНУВАЊЕ НА ОВОЈ КРАТОК ФОРМУЛАР!

НАПОМЕНА: За оние еМакедонци кои нема да се придржуваат кон ваквата програма за Ревитализација и ќе се обидат да ја злоупотребат ќе бидат ставени на црна листа и во иднина нема да им биде помогнато!


Ве молам за ГЛАС за да стигне веста до сите!


Благодарам на вниманието,
Аминта Македонецот