Македонија - потенцијал за светска сила!

Day 1,145, 10:32 Published in North Macedonia North Macedonia by Drashhh_III_Makedonski


Здраво живо Македонијо!

Добредојдовте во еМакедонија!

Прво би сакал да им посакам добредојде на сите нови играчи што се приклучија во играва благодареније на сите граѓани на еМакедонија, но највеќе на играчот sarmetina кој е виновник како и за првиот така и за овој бејби бум. Овде погледнете го клипот за еМакедонија каде главна ѕвезда е поранешниот премиер Ivan Vancho Makedonski.

Бејби бум.

За оваа би сакал да им кажам на сите стари играчи да помогнат на секое бебе што е можно повеќе како што им се помагаше на нив порано. Да ги едуцираат и да ги упатуват како и што да се прави во Новиот Свет.
Би ги замолил и новите играчи да ги следат статиите од Министерството за Образование
Исто така за помош околу играва може да се обратат на државните организации како Macedonia Red Cross или до Министерството за Здравство на Македонија каде што ќе им се помогне во секоја смисла.
Следете ги туторијалите од Министерството за Образование, многу ќе ви помогнат во играта!

Исто така би ги советувал на новите играчи да не се борат во битките, барем не до постигнување на 15 левел и додека не ќе можат самостојно да си го одржуват здравјето.
Здравјето е многу битно во играва, битен фактор за економската состојба во земјава бидејќи со што поголемо здравје работите толку повеќе произведувате продукти(леб,оружје,жито,железо...) така помагате многу повеќе на Македонската економија.

Војна -

Ете сеа за војната, би сакал да кажам дека во првите 5 рунди имавме одлични резултати т.е. никој не очекуваше вакво нешто дека Македонија ќе поведе со 5-0 во рунди. Но, сепак после започнувањето на денот трупите од бугарската страна притиснаа силно и се вратија во водство во битката, која сеуште трае.
Би сакал да додадам, дека оваа битка не е последна. Така да деновиве следуват напорни битки и мораме исто така да мислиме на тоа. Мора да се мисли напред, да не се деморализираме туку напротив да собереме сили и посилни да бидеме во иднина.
Оваа беше прва војна на Македонија, затоа земја од 3 месеци со вакви резултати покажува голем потенцијал. Потенцијал за да стане во иднина една од најсилните светски сили во оваа игра. Секако ќе мора напорно да работиме за да го постигнеме тоа.

Да повторам уште еднаш, нашите бебиња се златото на оваа земја, нашиот постар народ мора да ги израсне за да пораснат и да добиеме силни и храбри војници кои во иднина ќе се борат под Македонско знаме во битките и ќе ни носат победи.
Затоа народе помогнете на сите, така си помагаме самите себеси.

Уште еднаш ќе повторам дека "бебињата" т.е. новите играчи да ги следат инструкциите од Министерствата и од постарите играчи на еМакедонија. Само така ќе можат да се интегрират целосно во играва.

За силна и голема Македонија! Напред!

Македонија на Македонците!

П.С.
http://erep.maxihellas.com/citizens/cnewplayers.aspx?Country=%27Republic%20of%20Macedonia%20%28FYROM%29%27&Date=%272011-01-08%27

Преку линков следете ги новите играчи и праќајте им порака и совети околу играта. Помогнете им да се интегрират што поскоро во играта. 🙂