Прво претседателско обраќање

Day 1,144, 05:47 Published in North Macedonia North Macedonia by Drashhh_III_Makedonski


Здраво живо Македонијо!


Прво би сакал да ви честитам Среќна Нова 2011 година и Среќни Божиќни празници. Да сте ми здрави и живи и за многу години нека е.

Е сега, исто така би сакал да се заблагодарам на Македонскиот народ кој што ми ја пружи довербата и ме избра како претседател на Македонија. Се надевам дека нема да ве разочарам и дека ќе исполнам се што предвидев во програмата.

Како што гледате уште првиот ден од мојот мандат дојдовме до воена ситуација. Поточно пуштивме закон за природен непријател против Бугарија со цел да им помогнеме на нашите сојузници Турција. Војнава не беше предвидена толку рано, но сепак се деси и сега мораме да дадеме од својот максимум за да успееме во оваа војна.
Би ве замолил да ги следите нардебите и советите што ви ги дава Министерството за Одбрана во нивниот весник Армиски збор.


Исто така би сакал да спомнам дека сите тие што имат контакти за бејби бум (веб страни, форуми, телевизија. радио) нека ми пишат приватна порака да видиме што може да се направи. Истите ќе бидат наградени. До останатите повикувајте пријатели преку фејсбук, твитер и другите социјални мрежи на масовно ниво! 🙂

Епа Македонци дојде време да се оди во војна! Исчистете ги пушките, наполнете џебови со леб, збогувајте се со фамилијата и со среќа, напред храбро и гордо за Македонија!