Билдање на нацијата и неколку важни совети во битка

Day 1,122, 15:50 Published in North Macedonia North Macedonia by AsT89

Овој артикал решив да го напишам поради тоа што приметив ОГРОМНА неинформираност на Македонската нација

Значи вака , сите кои можете да тренирате со боостери тоа правете го , со што побрзо кревање на Strength тоа повеке штета во битка . Значи подобро е да потрошите 0,2 голд на тренинг за Strength отколку тие пари да ги испукате во некоја неважна битка . Воениот ранк исто е важен но тој со тек на време самиот по себе ќе си дојде . Што побрзо се набилдаме тоа повеке штета во битка и со самото тоа повеќе победи во наша полза



Сега уште едно нешто приметив од новите играчи сакаат да делат пари на поискусните за тие да направат повеќе штета во битка дрн дрн милојко .....
Дај ви се молам тие искусни играчи имаат доволно стретства и исто така ќе бидат финансирани од самата држава ако утре дојде до војна со нашиот источен или јужен сосед.

Не е битно колку штета правите битно е таа штета да ја направите по последните 2 минути од мини битката

Како за пример ке ѓи земам нашите сојузници Србите , тие поделија солиден број оружје на обичните граѓани во последната мини битка со Хрватска и да во таа битка губеа со 5 посто разлика во последните две минути сите заедно удрија и на крај издвојуваа убедлива победа .

Зборот ми е јачајте се што може повеќе , развивајте се и да бидеме во што поголем број во завршетокот на мини битките можеме да победиме .

Што повеќе , Што посилни и победата е наша !!!!!!

За Македонија се работи не е заебанција