Стратегиски Интереси и Природен Непријател

Day 1,123, 02:22 Published in North Macedonia North Macedonia by Gjurakis

Во овој артикл ќе се осврнеме на најновата измени која е направена од страна на Администраторите (читај Сопствениците на еРепублик), моменталните состојби на Балканот и пошироко и како еМакедонија треба да се однесува во следниот период.
Нема да се задржуваме врз природата на состојбата Природен Непријател, бидеќи сметаме дека тоа е направено во доволна мерка од страна на самите администратори, како и на страниците на официјалните и неофицијалните форуми на еРепублика. Повеќе ке се осврнеме на еМакедонските Стратегиски Интереси.

Општо прифатено мислење е дека еМакедонија треба да се шири кон Југ со освојување на териториите на Грција и дека Грција треба да се одбере за Природен Непријател. Но од Стратегиски и Економски аспект ова мислење воопшто не е издржано. Истото е изградено врз емоционални причини кои не можат и не смеат да бидат двигател на една сериозна еДржава, без разлика дали населението ги има или ги нема овие емоции. Всушност тоа е и една од неколкуте цели на овој весник – да поттикне здраворазумско размислување и поголема одговорност кај избраните официјални лица во еМакедонија.

Најблискиот регион на еГрција, односно Грчкиот регион Македонија има ресурс Овошје. Другите региони во близина се Тракија која исто има Овошје, а Епир и Теслаија имаат Алуминиум. Значи четирите Грчки региони кои се најблиску имаат ресурс кој нас воопшто не ни е потребен затоа што веќе го имаме (Овошје и Алуминиум). Со завладувањето на овие региони, што во моментов е неиздржана желба, еМакедонија не добива ништо.

Од друга страна на дофат на еМакедонија се региони кои се од животно значење за еМакедонија. Еден од тие региони е еБугарскиот регион Софија кој е богат со железо. Доколку еМакедонија го освои овој регион ќе имаме уште еден ресурс кој во иднина ќе ја направи нашата држава поспособна да се одржи во еСветот.
Доколку во истиот период еТурција ја нападне еБугарија и го освои регионот Пловдив кој е вториот Буарски регион богат со железо ке постигниме состојба во која:
- еМакедонија добива регион богат со железо,
- еТурција добива регион богат со железо, кој во моментов на пишување на овој артикл го нема исто како и еМакедонија,
- еБугарија губи 2 региони со железо при што повеќе го нема овој ресурс.

Во вториот дел од војната со еБугарија, еМакедонија треба да го нападне Бугарскиот регион Русе кој е богат со жито, а еТурција регионот на Бургас кој е богат со Алуминиум. Во овој втор дел на војната ќе се постигне следната состојба:
- еМакедонија добива регион богат со жито кој според нас (весникот Стратегиски Парадигми) е најважниотм ресурс во еСветот,
- еТурција добива втор ресурс што моментално го нема,
- еБугарија губи уште два региони и станува третостепена сила во еСветот.

Со оваа војна против еБугарија, истата ќе изгуби 4 региони, а доколку во војната се вклучи и еСрбија со напад на Видин (кој воопшто не им е потребен но сепак е завладување на регион со мали изгледи за неуспешност во војната), на еБугарија ќе и остане само регионот на Варна.

Затоа советуваме Владата на еМакедонија да се воздржи од секакви провокации во моментов бидеќи сеуште еМакедонија е слаба за било какво офанзивни акции, а кога ќе се спремиме за војна – војната да биде разгледана од сите аспекти, паметно да се одбере Природен Непријател и да се дејствува во правец кој ќе биде најсоодветен во дадениот момент.

Ова беше првиот артикл на весникот „Стратегиски Парадигми“. Се надеваме дека истиот беше интересен за читање и дека ќе поттикне размислување, но и дискусија. Доколку сметате дека во иднина нашите артикли ќе ви бидат интересни за читање, слободно можете да се претплатите на нашиот весник.
Претплатата е бесплатна и посакувана.
Ќе ви бидеме благодарни доколку ја гласате статијата и ни дадете шанса да допреме до повеќе еГраѓани на Македонија

Со почит
Тимот на Стратегиски Разгледи