За воинствените работи..

Day 1,103, 04:24 Published in North Macedonia North Macedonia by Afroks

Некое време ја пратам ситуацијата која што израсна деновиве со нашата војска и морам да кажам збор два. Сакав да го напишам ова како коментар на некоја од статиите објавени од преседателот и од војниците ама испадна огромно и никој нема да го прочита.

Не сум нити член на арм нити пак сум инволвиран во политика. Член сум на ОМ зошто на почеток тоа ми изгледаше кул. Таму и ќе останам... Супер се луѓето се трудат. Не ми пречи плурализам, нека има второ, трето мислење ако е конструктивно.
Иако незнам што точно се случува, бидејќи не сум инволвиран во чат разговорите, нити пак активностите на војската сепак вината секогаш останува на одговорните. Така е во РЖ, така е тука, така е во било кое општествено и социолошкко здружување.

До сите одговорни на воени единици:
Ако веќе си зел за обврска да водиш воена единица тогаш стварно треба да се потрудиш. Неможе да се очекува дека војниците ќе те следат секогаш кога ќе ти текне. Обврска е да знаеш да ги мотивираш, информираш, помагаш. Ако тоа не ти успее, не е вината на војниците што се неодговорни. Не дошле на чат 1,2,10 пати, голема работа... Запрашај се што не чини во твојата логистика што тоа се случува. Преземи нешто за тоа да се смени.

До сите во војската:
Самото тоа што ова излезе надвор од вашите редови, што почна да се пишува по весниците е ваш неуспех. Ова на прво место требаше да си го средите меѓу вас, а не војничињата да го демотивираат народот ко Велија Рамковки ). Вие треба да сте за пример, да ви се восхитуваат сите, да веруваат во вас, а не да плачете по весници. Тоа е на најголема штета на еМакедонија. Се демотивира народот, противниците ни се смеат. Имаме форум, чат и најразлични форми на комуникација надвор од јавноста. Ако не ви одговара како тоа се прави, или сте оштетени со тоа што сте пристапиле на војската тогаш мирно повлечете се без многу галама.

Тоа е тоа што јас го мислам... Чисто и без цицки (смајли)

За 15 минути над мојава статија ќе има 5-6 други со лебови и цицки. Затоа гласајте за да може повеќе луѓе да видат.
Ве сакам сите. Афрокс