[MMMA] Имаш весник? Сакаш да и помогнеш на еМакедонија [ПРОЧИТАЈ ОВДЕ]

Day 1,103, 04:32 Published in North Macedonia North Macedonia by Ivan Vancho Makedonski

Добар ден Македонијо,
се одлучив на ваква акција со цел да го искористиме големиот број на весници во еМакедонија и да собереме злато во Нардоната банка на Р. Македонија кое ќе биде искористено за одбрана на нашата земја и за раздвижување на нашата економија.

Знам дека имаше и претходно неколку обиди за правење на вакви акции но реално гледано поминаа без некој особен успех, не сакам да ги омаловажам, но мислам дека им фалеше малце подобра организација и подобра реклама. Јас ќе вложам лично мои средства за реклами и популаризирање и ќе побарам од преседателот на Обединета еМакедонија да ни помогне со реклама преку партијата.

На почетокот едно мало објаснување...МММА значи Македонска Медиа Могул Акција
Бидејќи знаеме дека секој весник кога ќе собере 1000 претплати се добива мапа со злато...со оваа акција ќе целиме сите пријавени весници да го добијат тој медал со помошта на сите еМакедонци и потоа сите добитници да го донираат златото во НБРМ



Како до 1000 злато во нашата банка???

Мојата математика е следната...во еМакедонија сигурно има многу весници...јас ќе се обидам да собереме 250 весници кои ќе учествуваат во акцијава...ако земеме во предвид дека медалот во просек дава околу 4 злато...250х4 = 1000 злато

Како да учествувате???

Сите вие што имате весник и сакате да помогнете на еМакедонија можете да се пријавите...

ПРИЈАВЕТЕ СЕ СО ПОТПОЛУНУВАЊЕ НА ОВОЈ КРАТОК ФОРМУЛАР
******************** *****************
(😁 кликни на сликата или на синиот текст и потполни го формуларот)

Што потоа???

Откако ќе се собере потребната бројка на весници, ќе биде објавена статија со линковите од сите весници и ќе биде замолени сите еМакедонци да помогнат со претплатување со што би си помогнале себеси и на еМакедонија

Затоа Ве замолувам сите оние што имате весници или што познавате некој што има весник, поддржете ја акцијава, гласајте ја статијава за што повеќе луѓе да ја видат и да се пријават и праќајте линк од неа до вашите пријатели кои имаат весници

Исто така важна работа е и вашиот shout (извик) и ве замолувам да помогнете со шаутирање на статијава. За shoutot може да го користите следново
[MMMA] 1000 злато за еМакедонија!
http://www.erepublik.com/en/article/-mmma--1586370/1/20


Однапред Ви благодарам 🙂
Искрено ваш,
Иван Ванчо Македонски