Подобро платена работа - ТУТОРИЈАЛ

Day 1,082, 08:10 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Ekonomija


Текстов е туторијал за наоѓање на подобро платена работа.

Еднаш дневно или на секој 2-3 дена проверувајте на "job market" или пазарот на работна сила како се движат платите за вашиот економски "скил" или вештина.

Ако платите кои се нудат се поголеми од платата која ја земате имате 2 опции:

1. Да му пишете на "шефот" да ви ја зголеми платата и чекате некој разумен период од 15-24 часа па ако не добиете покачување давате отказ од работа и барате нова работа,
или
директно одите на опција 2 а тоа е ОТКАЗ 😃

Давање отказ.

1. "My places" па "Company"
2. кликни "work"
3. кликни "Resign"

Сега веќе си невработен.
Забелешка: Можно е да не можеш да дадеш отказ но времето кое е потребно да почекаш додека не бидеш во состојба да дадеш отказ не може да биде поголемо од 72 часа, обично е пократко.

Барање на нова работа.

1. "Market" па "Job market".

Забелешка: Не секогаш најголемата плата која се нуди навистина е најповолна понуда.
Зошто?
Ако на пример највисока понуда е од некоја q5 компанија а втората највисока плата која се нуди е од q1 компанија да речеме и нуди само 0.01 денар помалку тогаш сепак втората понуда е поповолна затоа што со работа во q5 компанија дневно се губи 5 здравје за работата а во q1 компанија се губи 1 здравје.
Тие 4 здравје повеќе кои треба секој ден да ги надоместувате секако чинат многу повеќе од 0.01 денар. 😉


Некогаш се случуваат нелогични ситуации како што имавме денеска каде што за левел 1 економски скилл или вештина се добива повеќе плата отколку за левел 2,3,4 економска вештина.
Во таков случај ако сте левел 2,3,4 не сте обврзани да морате да се вработите во вашиот најдобар скил туку можевте да се вработите како да сте левел 1 и да земате поголема плата 😉

Немојте да се плашите дека ако дадете отказ дека нема да добиете Hard Worker медаља или медаља за вреден работник. Во теорија за текот на тие 30 дена можете да работите за 30 различни компании и сепак ќе освоите мапа која кога ќе се отвори дава измеѓу 4 и 5 златници а ако имате голема среќа можете да го освоите "легендарното закопано богатство на кралевите" кое дава и по над 40 златници. 😃
http://wiki.erepublik.com/index.php/File:Treasure-of-kings.png


За Македонија како држава со релативно голема популација е важно како граѓани и играчи да ги освојуваме овие медаљи за вредни работници затоа што се значаен прилив на златници.
Еве да речеме да имаме 2000 такви активни играчи кои месечно ќе освојуваат такви мапи тоа се помеѓу 8000 и 12000 златници само од тоа.
Побогати граѓани - посилна држава.
Посилна држава - поголемо зезање и уживање во играва.

Со почит,
Министерство за Економија на Македонија

министер за економија: lazarosaMKD
заменик-министер за економија: Kpakep4e
заменик-министер за економија: Royalexe